Хамилтон потпиша за Ферари, но и натаму мисли на својот тим: Да се врати екипата каде што беше

Возачот на тимот на Мерцедес во Формула 1 шампионатот, Луис Хамилтон, денеска во Силверстоун изјави дека неговата „цел оваа година е да го врати тимот таму каде што некогаш беше“, пренесува Sky Sports.

Мерцедес денеска во Силверстоун го претстави новиот автомобил W15. Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Мерцедес се надеваат дека тимот оваа година би можел да им парира на возачите на Ред Бул.

Хамилтон, кој во кариерата освои седум титули во Ф1, на крајот од сезоната ќе се пресели во Ферари, додека другиот возач ќе биде Џорџ Расел.

- Претходната недела беше емотивна. Надреално е да се биде овде. На тимот му се приклучив во 2013 година. Јас сум со тимот 11 години и почнувам 12. Привилегија е да се работи со оваа група луѓе, кои вложуваат многу работа во текот на зимата. Тоа е највозбудливиот дел од сезоната, кога сите промовираат нови автомобили. Возбудливо е да ги испробувам на патеката“, рече Хамилтон.

Минатата сезона Мерцедес не оствари ниту една победа, што се случи за прв пат во последните 11 години.

- Целта е тимот да се врати таму каде што беше некогаш. Имавме неколку тешки години, кои беа наш темел и ни помогнаа да се прегрупираме – додаде британскиот возач.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека е направен целосно нов дизајн на автомобилот.

- Имавме неколку приоритети за овој болид, ќе видиме дали го направивме вистинскиот чекор. Ова ќе биде последна сезона со Луис и сакаме да направиме брз болид. Знаеме дека ни претстои напорна работа, искачување на планина, на секое поле. Во овој спорт нема чуда, но нашата амбиција и одлучност се силни - изјави Волф.

Новата сезона во Ф1 започнува на 2 март со Големата награда на Бахреин.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер