Денеска се кандидирам за пратеник и ја барам вашата поддршка.
На Чаир му треба промена и ова ќе го донесеме заедно.
Ја злоупотребија нашата поддршка и доверба во Чаир, многу ја злоупотребија и го доведоа во непогодна состојба за живеење, без тротоари, без паркинзи, без патишта, без нови паркови, без игралишта, без водовод и канализација, без никаква капитална инвестиција, но само со узурпација на јавни површини, згради во паркови, непотизам, корупција и злоупотреба.
Денеска ви се обраќам како кандидат за пратеник за сериозно прашање кое не засега сите нас.
Масовните градби без дозвола и без план во парковите во нашата општина, во
нашиот Чаир, не гушат.
Секоја населба на Чаир е преполна, граѓаните немаат место за паркирање, луѓето немаат каде да да се движат.
Над 30 висококатници во Чаир се изградени надвор од законот и немаат ниту имотен лист, ниту градежна дозвола.
Челниците на Чаир во овие 20 години ја злоупотребија нашата доверба, ги измамија граѓаните и инвеститорите, но и нивните соседи за лична корист.
Граѓаните, измамени од општина Чаир, со последните пари купиле станови кои немаат имотни листови и дозволи, а инвеститорите своите пари ги вложиле во објекти кои го немаат регулирано имотно-правното прашање.
Ниту граѓаните што купија станови, ниту инвеститорите што ги изградија, не се виновни,виновни се челниците на општина Чаир што ја злоупотребија нашата
доверба за лична корист и за уништувањето на нашиот Чаир.
Затоа, ние како Европски фронт и пратениците во идното Собрание, од причина што граѓаните и инвеститорите не се виновни за овој урбанистички хаос во Чаир, вчера предложивме закон за легализирање на објекти изградени без дозвола за да се спасат граѓаните и инвеститорите, а ќе бараме правна одговорност за оние кои ја дозволија ваквата состојба, челниците на општина Чаир, се наведува во партиското соопштение.