Холандија станува најпривлечна дестинација за клинички истражувања

Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија.

Холандија им овозможува на пациентите лесен пристап до здравствената заштита, покажува значителни научни резултат во истражувањето на педијатриската онкологија и нуди напредната медицинска терапија, што ја прави земјата најпривлечна дестинација за клинички истражувања, се посочува во извештајот на маркетинг агенцијата „Сајтлајн Кастам Интелеџенс“.

Во документот се нагласува дека Холандија особено покажува завидни резултати во раните фази на испитувањата, а нејзини предности се и ефикасната логистика за тестирање, силните онколошки перформанси, статусот на лидер во иновациите, брзите одобренија на лекови од напредната медицинска терапија и развиената инфраструктура.

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, Холандија е една од водечките земји според клиничките испитувања по глава на жител, па така во оваа држава се иницирани 2,9 пати поголем број тестирање по глава на жител отколку во Германија.

[Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на создавање вакцина против корона вирус, додека Кина и САД почнаа со први тестирања на доброволци, а решенија]

Претседателот на Холандската фондација за клинички истражувања (ДЦРФ), Барт Схирдер изјави дека ваквите податоци се причина за задоволство, што ја поттикнува нивната амбиција да бидат предводници на останатите земји од ЕУ во соработката во клиничките истражувања.

Тој посочува и дека во една неодамна објавена статија во „Нејчр Медисин“, меѓу 11-те клинички испитувања на глобално ниво за кои се предвидува дека ќе имаат значително влијание врз развојот на медицината во 2024 година, три се поврзани со Холандија.

Схирдер нагласува дека Холандија е вклучена во сите 24 референтни мрежи на даватели на здравствени услуги во Европа, кои имаат за цел да ја олеснат дискусијата и размената на мислења за сложени или ретки болести.

- Холандија учествува во сите нив. Мислите дека сите земји го прави тоа? Тоа воопшто не е случај. Што е уште поважно, седум од тие 24 мрежи се предводени од истражители од Холандија, додава Схирдер.

[Еден од десет пациенти никогаш нема да го вратат чувството за мирис и вкус по излекувањето од коронавирусот, покажуваат резултатите од ново истражување .]

Според него, успехот на Холандија во овој домен е резултат и на добрата организација и ефикасност, посочувајќи како пример дека за одобрување на нови лекови од напредната медицинска терапија во земјата се потребни помалку од 30 дена, што е случај само во уште една европска држава.

Како предност што ја нуди Холандија се посочува и солидното познавање на англискиот јазик од страна на лицата вклучени во клиничките истражувања.

- Претпоставувате дека во доменот на клиничките испитувања, сите зборуваат англиски, нели? Но, тоа всушност не е така. Англиски најчесто зборуваат клучните лидери и водечките истражувачи. Од друга страна, во холандска болница вклучена во клиничко испитување, англиски зборува целиот персонал - од медицинската сестра за истражување, па до адвокатите и луѓето од етичкиот одбор, додава Схирдер.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер