44-годишниот актер, кој конечно го доби признанието во 2015 година, а претходно како подарок го доби Оскарот на Марлон Брандо од 1954 година, но ќе треба да го предаде на полицијата поради тужба.
Според “Њујорк тајмс”, малезискиот бизнисмен Џо Лоу, кој му подарил Оскарот на Лео, истиот го купил на аукција за 600.000 долари.
Имено, Лоу е обвинет заедно со поранешниот премиер на Малезија, Најиб Резак за проневера од милијарда долари.
Покрај статуетката на Брандо, холивудскиот актер добил и други подароци од бизнисменот, вклучувајќи и слика од Пабло Пикасо и колаж од Жан Мишел Баскија.
Лоу е во бегство, а според некои сознанија, се крие во Кина, каде наводно го кријат тамошните власти.
Академијата за филмски уметности и науки го задржува правото да ја откупи која и да е од статуетките по симболична цена од еден долар и се претпоставува дека токму таму ќе биде вратен Оскарот откако ќе заврши истрагата.