Honda Civic повторно е најбрзиот автомобил на патеката во Нирнберг (ВИДЕО)

Продолжи вечниот дуел меѓу Рено и Хонда во борбата за титулата најбрз на Нирбургринг во конкуренција на модели со погон на предните тркала.

Очигледно тоа е и последното продолжение на дуелот на кој многумина се обидоа да се приклучат, но едноставно не можеа да го следат ритамот. Последните четири години титулата ја држеше Renault Megane RS Trophy-R со време од 7:45,39 на патека долга 20,8 километри или 7:40,10 ако зборуваме за пократката патека.

Рено се повлече од оваа трка, а Хонда остана и го донесе новиот Civic Type R. Со време од 7:44.881, Honda го зазеде првото место и, според сите пресметки, ќе го држи засекогаш. Секако, можни се изненадувања, но тешко дека ќе дојдат од Renault, кој речиси целосно се посвети на електрификацијата.

За потсетување, новиот Civic Type R го придвижува 2.0 турбо мотор со 329 КС и 420 Nm достапни од 2.600 вртежи во минута. До 100 km/h стигнува за 5,4 секунди, а максималната брзина е 275 km/h. Рекордно време на круг беше поставено на гумите Michelin Pilot Sport Cup 2 Connect. Civic Type R во Германија започнува со цена од 55.500 евра.

Да потсетиме дека најбрзиот компактен автомобил на истата патека е Audi RS3, кој со поголема моќност ги користи придобивките од погонот quattro.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер