Хоспитализиран таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан!!

Срѓан,таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ итно е примен во болница! 

Таткото на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска е примен во Ургентниот центар! Информацијата ја пренесе Курир, а според Информер, таткото на првиот светски рекет го повредил рамото и затоа бил хоспитализиран!

Според информациите, повредата на Срѓан Ѓоковиќ настанала откако паднал додека ги хранел птиците. Во таа прилика тој паднал од столот и ги повредил рамото .

Во раните попладневни часови е примен на одделението за ортопедија и се чувствува добро.

- Точно е дека Срѓан Ѓоковиќ е примен во болница. Моментално е на ортопедско поради повреда на рамото. Во моментов се следи состојбата и се вршат сите потребни испитувања - вели извор на Информер запознаен со целиот случај.

Рекордерот по број на освоени Грен слем турнири, придружуван од неговиот брат Марко, денеска околу 13 часот и 30 минути дошол во Ургентниот центар каде што бил примен неговиот татко.

Срѓан Ѓоковиќ при падот ја скршил надлактицата и утре ќе биде опериран за што поскоро санирање на повредата.

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со краците

После 30 години целосно е реконструирана улицата ,,Марко Орешковиќ” со нејзините краци. 

Обновата на оваа сообраќајница која имаше видливи оштетувања беше големо барање од жителите од овој дел на општината кои се жалеа на лошите сообраќајни услови и за возилата и за пешаците и претставува целосно исполнување на ветувањето што им го даде градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

-Обновата низ целата Кисела Вода која досега опфати преку 50 км улици и патишта не запира. Улицата ,,Марко Орешковиќ” која сега е комплетно реконструирана, во минатото беше сообраќајница која имаше големи оштетувања кои го отежнуваа движењето и за пешаците и за возилата, но и покрај тоа, не била реконструирана над три децении.

Зафатот се одвиваше на потегот од улицата ,,Мариовска”, опфаќајќи ја улицата ,,Марко Орешковиќ” и нејзините краци. Улицата добива и паркинг простор за уште поголемо олеснување на сообраќајот. Во овој дел од општината живеат околу 800 лица кои до поранешните раководства на Општината, цели три децении упатувале барања за реконструктивни активности, но за жал, досега не наишле на позитивен одговор. Тоа денес е минато. Она што од мене им беше ветено, денес е реализирано во целост! И овде не застануваме. Продолжуваме со градежните активности низ сите населби и населени места за да бидеме уште еден чекор до целта - до крајот на мојот мандат, а и многу порано од тоа, Кисела Вода да нема неасфалтирана улица! Мојот народ заслужува-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Екс директор на пензикиот фонд и неговите татко и сестра се сомничат за злоупотреба на 600.000€

Пријавениот Д.Б., во својство на вршител на должноста директор на Фондот за пензиското во февруари лани објавил повик за заинтересираност за закуп на деловен простор за потребите на Фондот.

Неговиот татко ги контактирал лицата кои имале оглас за продажба на куќа во Тетово во вредност од 260.000 евра, и договорил прво да потпишат договор закуп на недвижниот имот со Фондот, а потоа да склучат и преддоговор за купопродажба на имотот на неговата ќерка односно сестрата на директорт на фонодт.

-Имено, на 02.03.2023 помеѓу Фондот, застапуван од пријавениот Д.Б., од една страна и М.С. и Ј.Б., од друга страна, бил склучен договор за закуп на недвижен имот со износ на закупнина од 1.890 евра месечно за времетрање на договорот од 20 години или во вкупен износ од 453.600 евра. Истиот ден бил склучен и преддоговор за купопродажба на недвижниот имот меѓу М.С. и Ј.Б. и третопријавената А.Х. (сестра на Д.Б.).

Потоа, М.С. како закуподавец, паричните средства кои што Фондот месечно ѝ ги исплаќал за закуп, ги вадела од нејзината сметка и во готовина на рака му ги давала на таткото бидејќи имале договор,и куќата била продадена на неговата ќерка.

Со ваквите дејствија според МВР трите лица ја изиграле постапката и ги повредиле прописите со што нанеле штета вредност од 614.484 евра од Буџетот.

ДИК одлучи да има прегласување во Желино

Ќе се прегласува на едно избирачко место во Желино одлучи Државната изборна комисија.

Приговорот е на коалицијата Вреди од вкупно 10 за избирачки места кои се дел од шестата изборна единица како Тетово, Гостивар, Боговиње и Врапчиште поднесени поради неправилности при гласањето за кои сметаат дека влијаеле на сумирањето на резултатите. Во шестката Вреди има 7 пратенички мандати а Коалицијата предводена од ДУИ 9.

-Дури 110 гласачи од ова избирачко место своето гласачко право ги имаат остварено со идентификација преку уредот за биометриска идентификација, која бројка е надминување на дозволениот лимит. – Сенат Амети – Претставник на Вреди

Сепак главната битка ќе се води во петката. Таму ДУИ доби околу сто гласа повеќе од СДСМ а со тоа и еден пратеник повеќе. Осум приговори за оваа изборна единица поднесе и ВМРО ДПМНЕ која во петката е блиску до уште еден пратенички мандат.

Седницата на ДИК по која се одлучува по приговорите членовите ја започнаа со меѓусебни кавги и обвнувања за опструкции. Потпретседателката на комисијата Дитмире Шеху која е член на комисијата од ДУИ, бараше да се отфрлат приговорите на коалицијата Вреди и на СДСМ, оти не биле поднесени од овластен поднесувач.

-Од ова може слободно да заклучиме дека приговорите на Влен не биле уредно доставени и согласно Изборниот законик се знае како се постапува понатаму со овие приговори. - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК

За мнозинството членови не беше спорно кој ги донел приговорите на шалтер во просториите на ДИК туку кој е потпишаниот поднесувач, по што дојде до расправија.

-Поднесување е овластување и потпишување од овластено лице. Да бидеме сериозни со вакви опструкции на работата на комисијата ве молам немојте да манипулирате. – Борис Кондарко – Член на ДИК

-Нема да толерирам навреди од член на ДИК, без разлика дали сум жена од друга националност. - Дитмире Шаху – Потпретседател на ДИК

Социјалдемократите поднесоа пет приговори за избирачки места кои се дел од 6 ИЕ како Битола, Кичево и Струга. ДИК денеска треба да одлучи по сите поднесени приговори.

притисни ентер