Хрват до смрт го претепал своето бебе : Му пречело гласното плачење

Татко на пет деца по потекло од Хрватска на 25 годишна возраст , во Милано до смрт го претепал својот две и пол годишен син.

Полицијата го привела таткото , а според судијата Валерио Натале , ќе остане во затвор зашто би можел да го повтори делото над другите деца. Неделава треба да почен обдукцијата на бебето , за да се потврдат претпоставките дека таткото го злоставувал и физички го малтретирал бебето и претходно.

Бебето имало траги од врзување , а било утврдено дека мајката му ставала газа на табаните , зашто таткото без никаква причина му ги горел со запалка. Повредите од запалените стапала сигурно го болеле малото детенце , па плачело.

Токму тоа го изнервирало таткото и почнал да го тепа до смрт. Претходно , за да се смири консумирал хашиш.

,,Вистина е дека го претепав до смрт . Но верувајте не сакав да го убијам. Испушив хашиш , а бидејќи и потоа не можев да заспијам , станав и го удрив. Кога видов дека не дише , не помислив дека сум го убил.” , изјави таткото со иницијали А.Х. пред државните обвинители во Милано.

Освен ова бебе , тој и неговата сопруга , исто така од Хрватска , имаат уште две девојчиња на тригодишна возраст и едно девојче од една година.

Во Хрватска живее нивниот најстар син. Децата ги презема Центарот за социјални работи.

Лајка: Вдоми повозрасно куче!!

Тие сѐ уште имаат многу љубов и верност за давање.

Чинот на вдомување на повозрасно куче е уникатно искуство на чиста љубов, хуманост и добрина што ќе го имате во животот. Тоа е единствена можност целосно да го отворите своето срце и да му посакате добредојде на животно кое животот можеби и не го галел претходно; прекрасен придружник кој ќе стори се да се вклопи во вашиот живот, лојален и бескрајно благодарен член на вашето семејство.

Постои идеално возрасно куче за секого, куче кое веднаш би се вклопило во различни ситуации - без разлика дали се работи за семејство со деца или самец кој работи, пензиониран пар или студент. Без разлика на контекстот, сè што сака едно повозрасно куче е да биде видено, сакано, издвоено и препознаено токму тоа како лојален придружник и другар, дел од семејството.

Возрасните животни се лесни за адаптирање, нема да поминете низ долги фази на адаптација за стекнување навики, ниту ќе останете без омилените обувки, зошто му растат заби на вашето кутре. [😊] Знаат што значи не, знаат да одат на поводник; можете веднаш да креирате заеднички авантури, да патувате со автомобил, да планирате одмор.

Прекрасни се и инспиративни приказните на вдомени постари кучиња. Бидете и вие пример со некоја таква приказна, со некој од прекрасните сениори од Лајка.

Дојдете и посетете не, бројни се шармантните сениори во нашиот стационар, а некој од нив чека токму на вас.

ЕЦБ: Геополитичките тензии ја загрозуваат стабилноста на еврозоната

Геополитичките тензии и несигурноста на политиките во годината во која има многу избори во светот претставуваат ризици за финансиската стабилност на еврозоната, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ).

Во својот полугодишен преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ нагласи дека условите се подобрени од нејзината последна проценка.

„Краткорочниот ризик од длабока рецесија придружена со зголемена невработеност - главен извор на загриженост пред шест месеци - е многу помал од денешна перспектива“, рече потпретседателот на ЕЦБ, Луис де Гуиндос.

Институцијата со седиште во Франкфурт соопшти дека економската перспектива била помогната од падот на инфлацијата, која во април изнесуваше 2,4 отсто, не далеку од нејзината цел од два отсто.

Очекувањата дека ЕЦБ наскоро ќе започне со намалување на каматните стапки, исто така, ја зголеми довербата на инвеститорите, соопшти централната банка за 20-те земји кои го користат еврото.

Но, Де Гиндос предупреди дека изгледите остануваат „кревки“.

„Геополитичките тензии се значаен извор на ризик не само за финансиската стабилност на еврозоната, туку и за глобалната финансиска стабилност“, рече тој.

„Макпетрол“:Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“.

Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот.

Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, ќе бидат дел од програмата на оваа забавна дружба што е дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Најмладите, исто така, ќе можат да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри.

- Пресреќни сме што во текот на оваа наша општествено одговорна активност добивме толку многу поддржувачи. Почнувајќи од децата и младите, од кои добивме впечаток дека им е навистина мило што, конечно, така отворено и толку гласно, се зборува за проблем со којшто тие секојдневно се соочуваат. Секако, тука се и општините, кои ја препознаа вредноста на нашата идеја и активно се вклучија во обезбедувањето услови за учениците да се здобијат со знаења за булингот. Наставниците, стручните служби, како и родителите, исто така, застанаа зад кампањата и помогнаа фокусот на јавноста да се сврти кон врсничкото насилство. За да се реши проблемот со булингот потребна е уште работа и посветеност, но веруваме дека и со позитивната енергија од нашиот настан, ќе придонесеме да се придвижиме во вистинска насока - вели Марија Јосифовска-Спасовска, член на Управен одбор и директор во „Макпетрол“.

На „Крени глас против врсничко насилство“ досега се приклучија 24 општини. Претходните месеци, од почетокот на 2024, Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Во 2023 година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

За сите 24 општини „Макпетрол“ обезбеди едукативни материјали и работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство со проблемот со булингот. Десетици училишта со неколку илјади ученици беа дел од овие образовни средби, а во останатите истите се во тек. Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг, а токму со нив децата и младите се запознаваат во текот на едукативните средби.

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ ќе биде активна и во следниот период. Сите објавени комуникациски материјали, како едукативни спотови, епизоди од анимираната серија „Биби и Боби“, брошури наменети за деца, родители и за наставници и понатаму ќе бидат достапни на социјалните мрежи, како и на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа и натаму, секој што имал некакво искуство со булингот, ќе има простор анонимно да ја сподели личната приказна. Дополнително, преку интерактивни тестови, сите можат да препознаат дали биле сторители, жртви или набљудувачи на врсничкото насилство.

Стратешкиот приоритет за општествена одговорност „Макпетрол“ го исполнува со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“. Изминативе години, компанијата се јавува како иницијатор или учесник во активности за поддршка на заедницата. Централен интерес на кампањата „Стоп за булинг“ се младите, односно преку неа се создава поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности „Макпетрол“ и во иднина ќе биде креирањето услови за развој и реализација на потенцијалите на младите генерации.

притисни ентер