И по седум месеци без епилог случајот Ибрахим

Седум месеци по смртта на Булнет Ибрахим по интервенција направена во приватна ординација „Крсто Митаноски“ се уште нема одговор која беше причината и дали во случајот имало или не докторска грешка.

Неговата сопруга за Канал 5 раскажа дека од обвинителство се уште немаат покрената постапка. Неговата сопруга Едита вели дека како документ е само отпусното писмо од болницата „8-ми септември“, каде почина Булнет дека предизвикувачот на смртта е сепса. Булнет во февруари имал интервенција на хемороди во приватната ординација др. Крсто Митаноски, по операцијата тој бил во лоша здравствена состојба и бил однесен во градската болница „8-ми септмеври“, каде почина.

Ординацијата беше затворена поради недозволено врешење на ваква дејност. Она што е клучно за истрагата е обдукција. Во случајот со Булнет обдукција немало, бидејќи не се сложиле членови од семејството.

Директорот на судска медицина вели дека Законот за здравствена заштита е јасен кога и зошто треба да се направи обудукција. Во овој случај каде има големи сомнежи оклу целиот процес на лекување во одредена установа, обдукцијата била неопходна за вистината.

За Станков веќе е доцна и за ехсумација или ископување повторно на телото, бидејќи поминат е долг период, и овој наод нема да помогне.

Случајот стои и во Лекарската комора, каде се разгледува целата медицинска документација. По смртта на Булнет беа затворени хируршките сали на одрдинацијата „Крсто Митаноски“ каде беше направена интервенцијата и ординацијата ПЗУ„Јанита“ на докторот Ѕвонко Јанкуловски кој го оперираше 38 годишниот Булнет.

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер