И студентите од Ирска и Швајцарија ги зазадоа универзитетите на пропалестински протести (ВИДЕО)

Студенти на колеџот Тринити во Даблин и на швајцарскиот универзитет во Лозана ги окупираа своите универзитети во знак на протест против војната во Газа, приклучувајќи се на бранот протести што се прошири во американските кампуси.

Во Даблин, студентите поставија камп, принудувајќи го универзитетот денеска да го ограничи пристапот до кампусот и да ја затвори изложбата Книга на Келс, една од најдобрите туристички атракции во Ирска. Кампот беше формиран откако студентскиот сојуз соопшти дека универзитетот го казниле со 214.000 евра за загубите предизвикани од протестите во последните месеци, а не исклучиво поради Газа, објавија локалните медиуми.

Демонстрантите бараа Тринити да ги прекине академските врски со Израел и да ги повлече инвестициите од компаниите кои имаат врски со земјата. Претседателот на студентскиот сојуз Ласло Молнарфија објави фотографија од клупи поставени на влезот на зградата во која се наоѓа Книгата на Келс, изложба на илуминирани ракописи од келтски монаси создадени околу 800 година п.н.е.

@mick.barrytd

March to Trinity College in Dublin in support of the student encampment on campus

♬ original sound - Mick Barry TD

Колеџот Тринити соопшти дека изложбата ќе биде затворена денеска. Повеќе од 34.600 Палестинци се убиени во седуммесечните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија здравствените власти на енклавата. Војната започна со упадот на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 252 беа киднапирани, од кои 133 се уште се држат во заробеништво во Газа, според израелските податоци.

Пропалестински протести се одржуваат и на универзитетите во САД, Австралија и Канада. Во швајцарскиот град Лозана, околу стотина студенти ја окупираа зградата и побараа прекин на научната соработка со Израел.

„Палестинците умираат повеќе од 200 дена, но никој не нѐ слуша. Сега има глобално движење за да ги принуди владите да дејствуваат, но тоа не се случува. Затоа, сега сакаме да ги принудиме универзитетите да се вклучат“, рече еден од демонстрантите за Швајцарската телевизија.

Универзитетот соопшти дека ќе го дозволи протестот до понеделник бидејќи тоа не ја нарушува работата во кампусот. „Ние, универзитетите, не сме повикани да заземаме политички позиции“, рече ректорот на универзитетот Фредерик Херман за радиото РТС.

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024. 

Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22 мај.

Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024. За сите беа оформени предмети и закажани во текот на вчерашниот ден.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

притисни ентер