Инспектори влегоа во битолската болница, се истражува како било третирано 24-годишното момче

Инспектори влегоа во битолската болница за најновиот смртен случај во оваа клиника, дваесет и четири годишно момче кое почина заврчера, според обдукцијата, од внатрешно крварење предизвикано од инфекција.

Освен докторите од неврологија, инфектологија, ОРЛ, хирургија, и други оддели при битолската клиника што го лекувале младото момче под лупа на Државниот санитарен и здравствен инспекторат е и целата медицинска документација, потврдува за Канал 5 Директорката Рената Младеновска. Иако овој инспекторат нема ингеренции да утврдува лекарска грешка, сепак има право да лоцира евентуална одговорност за тоа дали зошто пациентот не е веднаш хоспитализиран кога првпат дошол во болница. Директорката на ДСЗИ појаснува дека детали за постапувањето на лекарите ќе има во понеделник, кога инспекторите ќе си ја завршат работата.

-По налог на Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментот врши вонреден инспекциски надзор во битолската болница со двајца инспектори со кои располага подрачното одделение во Битола.Имаше информации од страна на директорката дека првично детето се јавило на лекар, па било пуштено дома, а вечерта се влошила состојбата па бил пренесен итно?Не би сакала да конментирам изјави на директори или останати лица. Секако имаме ингеренции и тоа да го утврдиме, затоа, како што напоменав, да оставиме да заврши инспекцискиот надзор и ќе направиме информација и до Министерот, а секако ќе ја информираме и јавноста што се случувало за време на приемот на пациентот.-Рената Младеновска – Директорка на ДСЗИ.

Директорката на битолската болница Елизабета Ивановска за Канал 5 вели дека кога момчето прв пат дошло на лекар било пратено на испитувања и требало да се врати назад, но тоа не се случило.

Годинава, ова е трет смртен случај во оваа болница кој ја бранува јавноста. На претходните два смртни случаи кои беа обелоденети, за утврдување на евентуална вина работеше и обвинителството. За малата Јана не беше констатирана лекарска грешка, а за новороденчето кое почина се уште нема епилог, а од јавното обвинителство велат дека во овој случај се уште се работи на утврдување на причинско-последична врска помеѓу интервенцијата и настанатата смрт.

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер