Институтот за судска медицина останува на ставот дека мајката и синот од Велес починале во месец март

Институтот за судска медицина цврсто останува на ставот дека мајката и синот од Велес починале во месец март.

Случајот отвори низа дилеми во јавноста околу присуството на корона вирусот во земјава, а кои се актуелизираа по изјавата на министерот за внатрешни Наќе Чулев дека тие починале во јануари или на почеток на февруари. Првиот човек на Судска Александар Станков за Канал 5 вели времето на смрт исклучиво го одредува специјалист по судска медицина.

-Дефинитивно стоиме зад наодот дека смртта е настаната 3 – 5 недели пред моментот на наоѓање. Тоа е одредено врз основа на промените на телото и состојбата на внатрешните органи. Единствено валидни се промените на телото, состојбата на органите и амбиенталните услови во кои се најдени телата. Времето на смрт го одредува исклучиво специјалист по судска медицина. Времето на смрт не се одредува според нечие искуство.- Александар Станковски – Директор на Институт за судска медицина.

Министерот Чулев, повикувајќи се на искуството на полицајците кои биле на увид, за дел од медиумите рече дека телата биле најдени во фаза на распаѓање од два месеца. А по разговори со соседите, податоци за струјомерот, водомерот, телефонските повици, укажуваат на фактот дека од половината на јануари двајцата не контактирале со никого

Истрагата за целиот случај која треба да утврди како всушност починале е во рацете на Обвинителството од каде велат дека го чекаат комплетниот наод на Институтот за судска медицина.

Телата на 89 годишната жена и нејзиниот 53 годишен син, во домот во Велес беа пронајдени на 6ти април. Министерот за здравство Венко Филипче четири дена подоцна на прес конференција кажа дека кај нив било откриено присуство на корона вирусот. Еден од полицајците кои вршеле увид исто така бил заразен со вирусот. Според сознанијата на министерот, тој носел заштитна опрема па ја отфрли можноста полицаецот да го пренел корона вирусот.

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата

Во Драч татко ги држел своите две две деца како заложници и пукал кон полицијата со автоматска пушка.

Вистинската драма се одвивала ноќеска во албанскиот пристанишен град Драч, каде лицето Алекс Марку (40) ги земал во заложништво неговите две деца, на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашников.

Полицијата била известена од страна на преплашените соседи па на местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, зајакнати од специјалната единица "Ренеа".

По неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот.

Марку, кој живее во Лежа, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел своите две малолетни деца.

Полицијата неколкупати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот во правец на полицијата.

Во станот полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра

Вкупно осум часовници кои му припаѓаа на легендата на Формула 1 - Михаел Шумахер, се продадени на наддавање во Женева, вчера, за скоро четири милиони швајцарски франци (4,1 милион евра), соопшти аукциската куќа „Кристи'с“.

- Ова ја покажува страста на меѓународните колекционери за исклучителни часовници. Видовме обемна посетеност, особено од Америка, истакна Реми Гилемин, специјалист за часовници на аукциската куќа.

Примерок од „Ф.П. Џурн вагабондејџ“ - споменот за седумте светски шампионски титули во Ф1 на Шумахер, е продаден за 1,6 милиони долари.

Германскиот седумкратен шампион бил страстен колекционер на часовници, сѐ до тешката несреќа на скијање во декември 2013 година, по што тoj не е виден во јавноста. Но, највисоката цена - од 2,7 милиони долари, ја постигна стариот часовник „Патек Филип“ од розово злато.

УЕФА може да не дозволи Жирона да игра во Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација предложи „City Football Group“, инвеститор во Манчестер сити и шпанска Жирона, да го намали својот удел во каталонскиот клуб. 

Во спротивно, организацијата може да воведе санкции и да ги спречи бело-црвените да учествуваат во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25, пишува „Тајмс“.

Уделот на „City Football Group“ во Манчестер сити е 100%, а во Жирона е 47 %. Двата тима се квалификуваа за Лигата на шампионите следната сезона. Сепак, прописите на УЕФА забрануваат учество на неколку клубови со ист сопственик на ист турнир.

За тимовите да учествуваат во Лигата на шампионите, „CFG“ ќе мора да го намали својот удел во еден од клубовите на помалку од 30%. Доколку не се почитуваат правилата до 3 јуни, Жирона нема да добие дозвола за ЛШ и ќе биде префрлена во Лига Европа.

Претходно, Жирона за прв пат во својата историја се пласираше во европските купови. По 36 кола во шпанската Ла Лига, тимот е на третото место со 75 бодови.

притисни ентер