Институтот за трансфузиона медицина со европски стандарди и нов начин за прибирање на крв

За година и пол завршена е инвестицијата од 730 илјади евра во унапредвување и стандардизација на Институтот за трансфузиона медицина.

Поквалитетни здравствени услуги , поголема удобност и намалување на времето за чекање за пациентите на трансфузиологија, Институтот за трансфузиона медицина доби реновирани простории, современа апаратура и нови возила. Реновиран е одделот за продукција, просториите за процесирање на дарувана крв, чување на свежо смрзната плазма.

Со инвестицијата која чини 730 илјади евра се воведуваат европски стандарди за поголем квалитет во трансфузиологијата како една од најзначајните алки во здравствениот систем во државата, бидејќи крвта е драгоцена и спасува човечки животи, вели министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска заедно со вицепремиерот Бујар Османи беше во посета на Институтот.

Директорот на Институтот Садула Усеини информираше дека воведен е и нов метод т.н. „ладен ланец“, кој е современ начин за прибирање на крвта. Во наредниот период следува реновирање и адаптирање на просторните услови во Битола.

Институтот за трансфузиона медицина во Скопје располага со најголемите резерви на крвни компоненти кои бараат соодветни услови за чување обезбедени преку апарати приклучени на електрична енергија. За нивно одржување дониран е агрегат за загарантирано непречено снабдување со електрична енергија и во екстремни ситуации, што е особено значајно во грижата на пациентите, информираа надлежните.

Последна претседателска дебата – вечерва по централните вести на Канал 5

Попладнево во Канал 5 се снимаше последната дебата на кандидатите за претседател.

Соочувањето ќе се емитува веднаш по централните вести во 18.30, а самата дебата е поделена на два дела.

Практично на само некоколку часови пред молкот, Канал 5 е местото каде што Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе ги соочат аргументите и ќе ги испратат последните пораки до граѓаните.

Арсовска: Најголем дел од медиумите не ни дадоа можност да ја претставиме нашата програма

Носителката на листата на Нова Алтернатива за изборна единица 1 Данела Арсовска, денеска на прес конференција кажа дека нивната партија освен на две национални телевизии нема можност на друго место да ја презентира својата програма.

Како врз граѓаните влијаеше кампањата за претседателските и парламентарните избори?

Во фото-финишот на изборната кампања, колкаво влијание имаше таа врз одлуката на граѓаните за кого би го дале својот на 8ми мај и дали им се допадна начинот на кој што кандидатите ги презентираа своите програми пред нив? 

Ова е прашањето кое екипата на Канал 5 им го постави на граѓаните.

Дел од нив оценија дека кампањата била добро искористена, иако својата одлука за кого би гласале ја донеле уште пред нејзиниот почеток.

- Ми се допадна и многу беше фино и немаше никакви проблеми.Па треба да се направи промена, претседател да има за сите луѓе во државата, нема врска кој ќе биде само да биде како што треба за сите.

- Добро е искористена кампања како кампања има и позитивни и негативни страни. Воглавно е добро во однос на други некои збиднувања во светот овдека е сосема мирно. Па кампањата не влијае многу кај луѓето сите си се определени уште пред тоа.

- Сосема нормално. Дали ќе влијае врз вашиот глас? Не пошто знам за кого ќе гласам.

Сепак има и такви кои сметаат дека наместо за претставување на реални проекти, кампањата била користена за меѓусебни обвинувања и дека тоа нема да влијае врз нивната конечна одлука.

- Во ништо не верувам, што да ти се допадне од лошите доаѓаат уште полоши.

- Кампањата е досадна и сувишна не знам овие партиите што се замислуваат, јас мислам не влијае на никој тоа.

-По фаците или по програмите кои што ги немаат, по што?

- Не гласам и не сакам да гласам нема за кого да ви кажам искрено едните проверени, вториве и тие се мењаваат 30 години, што ќе гласам.

Инаку, на првиот круг на претседателските избори своето право на глас го искористија 905.958 граѓани, односно излезноста изнесуваше речиси половина.

притисни ентер