Интер победи по пауза од четири натпревари

Фудбалерите на Интер ја прекинаа серијата од четири првенствени натпревари без победа, откако синоќа на отворањето на 10. калчолигашко коло како гости ја победија Болоња со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол беше Мауро Икарди во 67.минута.

Осум дуели од оваа рунда се играат вечер од 20:45 часот:

Аталанта – Лацио,
Фросионе – Карпи,
Верона – Фиорентина,
Милан – Киево,
Наполи – Палермо,
Рома – Удинезе,
Сасуоло – Јувентус,
Торино – Џенова.

Колото утре ќе го комплетираат Сампдорија и Емполи.

Табела: Интер 21 бод, Рома 20, Наполи 18, Фиорентина 18, Лацио 18,.../МИА

Шоу на Ѓоковиќ: Со кацига се појави прв пат во јавноста по ударот со шише во Рим (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ за прв пат се појави во јавноста откако беше удрен со шише во глава по победата против Корентано Муте во второто коло на Мастерсот во Рим и ги насмеа сите присутни.

Имаше кацига на главата и со насмевка се потпишуваше на реквизитите на навивачите.

Ноле искористи сѐ за да се пошегува на своја сметка и со тоа ги воодушеви фановите, иако не изгледаше ни малку наивно кога го заработи ударот вчера навечер.

Самиот Ѓоковиќ бил свесен дека се работи за случаен инцидент, па сакал уште еднаш да ја искаже својата смисла за хумор.

Надреална глетка на Алпите, осветлени од поларна светлост (ВИДЕО)

Германците синоќа успеале да видат ретка глетка на поларната светлина, поради невообичаено голема соларна бура.

Феноменот, кој го осветлува ноќното небо во розова, зелена и треперлива тиркизна боја, може да биде видлив во некои региони и вечерва.

Германската метеоролошка служба (DWD) објави на X снимка од Алпите во јужна Германија осветлени во розова боја, како и зраците на поларната светлина над хоризонтот на Франкфурт. И други снимки се споделени на социјалните мрежи.

Американските метеоролози од Националната океанска и атмосферска администрација (NOAA) вчера предупредија на сончева бура од петто ниво, највисоко ниво на скала од пет - интензитет последен пат регистриран во октомври 2003 година.

Изворот на соларните бури - голема група сончеви дамки - е околу 16 пати поголем од дијаметарот на Земјата, според NOAA.

Многумина во други земји исто така можеа да го видат феноменот, вклучително и Британија и Ирска.

Аурора се појавува кога наелектризираните честички се судираат со гасовите во атмосферата на Земјата околу магнетните полови.

Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската Унија ќе се одржи на 16 мај во Котор

На 16 мај во Котор ќе се одржи самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан и Европската Унија.

Лидерите на регионот, претставници на Европската унија и Соединетите Американски Држави ќе разговараат за Планот за раст на Западен Балкан.

Како што е објавено на веб-страницата на Владата на Црна Гора, меѓу учесниците ќе бидат високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О'Брајан.

Самитот се организира под слоганот „Еден регион, заедничка визија“, а домаќин на самитот ќе биде премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

Како што се наведува, ден пред Самитот, на 15 мај, ќе се одржи состанок на министрите за европски прашања и финансии на земјите од Западен Балкан, претставници на Европската комисија и партнерските организации.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека помошникот секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О'Брајан од 14 до 17 мај ќе ги посети Црна Гора и Грузија и дека во рамките на посетата на Црна Гора ќе учествува и на Самитот во Котор.

Неговиот ангажман на самитот ќе се фокусира на регионалната економска интеграција и можноста за раст што ја нуди Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан и ќе ја зајакне силната поддршка на САД за патот на Западен Балкан кон членство во ЕУ, се вели во соопштението.

Покрај лидерите и министрите од регионот, партнерските организации како што се Советот за регионална соработка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Светската банка, Транспортната заедница, Атлантската алијанса, Енергетската заедница на настанот се поканети Фондацијата Отворено општество, РеСПА, ГИЗ, високи претставници на Европската комисија и други.

притисни ентер