Инжинер на „Тесла“ бил нападнат од робот: Има тешки повреди на грбот и рацете, колегите во шок

Инженер на Tesla бил нападнат од робот по дефект во фабриката во Тексас.

Во моментот на инцидентот со инженерот, во салата имало уште двајца работници, објави Дејли Меил.

Тој бил нападнат од робот дизајниран да ги зграпчува и преместува свежо излеаните делови од автомобилите.

Роботот ги вкопал своите „канџи“ во грбот и левата рака на работникот.

Инцидентот е откриен во извештајот за повреда на работникот од 2021 година, виден од Дејли Меил.

Додека Tesla не пријавила никакви други повреди поврзани со роботи во фабриката во Тексас во 2021 или 2022 година до регулаторите, инцидентот доаѓа во време на зголемена загриженост за ризикот од повреди од автоматизирани роботи на работното место.

Извештајот за повреда, кој Тесла е обврзан со закон да го поднесе до властите за да ги задржи профитабилните даночни олеснувања во Тексас, тврди дека инженерот не бил обврзан да зема боледување.

Сепак, адвокатка што ги застапува работниците на Тесла изјавила за Дејли Мејл дека верува, врз основа на нејзините разговори со тамошните работници, дека бројот на повреди здобиени во фабриката е недоволно пријавуван.

„Мој совет би бил да го прочитате тој извештај со резерва. Имавме повеќе повредени работници. Еден дури почина, а неговите повреди или смрт не се вклучени во овие извештаи што Тесла треба да ги достави до властите за да ги добие даночните олеснувања“, изјави адвокатката Хана Александар за Дејли Мејл.

Во врска со смртниот случај, станувало збор за работник по име Антелмо Рамирез, кој починал од топлотен удар додека помагал во изградбата на фабриката на Тесла, Гига Тексас.

СЗО: Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа

Кардиоваскуларните болести се одговорни за 40 отсто од смртните случаи во Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација(СЗО), апелирајќи до Европејците да го намалат внесот на сол.

Тоа изнесува 10.000 смртни случаи дневно, или четири милиони годишно.

„Спроведувањето насочени политики за намалување на внесот на сол за 25 отсто би можело да спаси околу 900.000 животи од кардиоваскуларни болести до 2030 година“, посочува Ханс Клуге, директор на европската филијала на СЗО.

Во Европа, секој трет возрасен човек на возраст од 30 до 79 години страда од хипертензија, често поради големо консумирање сол.

Педесет и една од 53 земји во европскиот регион на СЗО имаат просечен дневен внес на сол над препорачаниот максимум на СЗО од пет грама, или една кафена лажичка, главно поради преработената храна и грицките.

„Високиот внес на сол го зголемува крвниот притисок, кој е водечки фактор на ризик за кардиоваскуларни болести како што се срцев удар и мозочен удар“, соопшти СЗО.

Европа има највисока преваленца на крвен притисок во светот, се вели во извештајот.

Концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар во МНТ

Во Македонскиот народен театар, вечер со почеток во 20 часот, ќе се одржи концерт на џез вокалистот Курт Елинг со Националниот џез оркестар, под диригентска палка на Џијан Емин.

Елинг има вкупно десет номинации за Греми награди, од кои има освоено две награди за најдобар вокален џез албум за изданијата „Dedicated to you“ издаден во 2009 година, како и „Secrets are the best story“, издаден во 2021 година.

Во 2012 година е прогласен за прв почесен џез амбасадор на Шлезискиот џез фестивал во Полска, а добитник е и на германската награда Ехо џез и Шкотската награда за џез - меѓународна категорија. Во 2013 година е прогласен за Меѓународен џез -изведувач на годината на доделувањето на наградите „Jazz FM Awards“.

Во текот на својата кариера соработува и снима со Вејн Шортер, Данило Перез, Дејвид Амрам, Ренди Бахман, Боб Белден, Џоан Бракин, Оскар Браун Џуниор, Џоди Кристијан, Били Корган, Орберт Дејвис, Џорџ Фримен, Бади Гај, Јон Хендрикс, Чарли Хантер, Боб Минцер, Бред Мелдау, Ли Ритенур, Џон Пицарели и Боб Шепард. Покрај неговиот бенд со кој најчесто настапува, Курт Елинг бил и член на Квартетот на Бранфорд Марсалис.

Билетите за концертот може да се набават онлајн на страната на МНТ, како и на билетарницата на МНТ.

Седницата на Генералното собрание на ОН за резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај

Седницата на Генералното собрание на Обединетите нации на која ќе се разгледува резолуцијата за Сребреница е закажана за 23 мај, објавено е на веб-страницата на Генералното собрание на ОН.

По две одложувања, денеска требаше резолуцијата да се најде на дневен ред, но изјаснувањето за тоа прашање е одложено за уште една недела.

притисни ентер