Како што јави АП, иранскиот министер за телекомуникации Иса Зарепур изјавил дека капсулата, тешка 500 килограми, била лансирана на 130 километри во орбитата.
Целта на Иран е да испрати свои астронаути во вселената во наредните години, според извештајот на официјалната иранска новинска агенција ИРНА.
Зарепур не открил за кои животни станува збор.
Иран повремено најавува успешно лансирање на сателити и други вселенски летала.
Во септември, Иран објави дека испратиле сателит за собирање податоци во вселената, додека во 2013 година објави дека лансирале и успешно вратиле на земјата ракета со мајмун.