Ирина Шајк: Со Роналдо се чувствував грда, тој не е маж, тој е дете!

Во интервју за шпанскиот магазин Хола убавицата отворено зборува како се чувствувала покрај Роналдо и зошто ја раскинале врската.

- Мојот идеален маж е верен, чесен и џентлмен, кој знае како да се однесува со жена. Не верувам во мажи кои прават да се чувствуваме несреќни, бидејќи тие се момчиња, не се мажи!

- Мислам дека жената се чувствува грда кога покрај себе има погрешен маж. Јас се чувствував грда и несигурна!

Ирина и Роналдо беа заедно 5 години.

Неверојатна глетка во Грција: Брод „долета“ до брегот, не е фотомонтажа (ФОТО)

Фотографијата од бродот „Ахилеус“ кој сообраќа на линијата Скирос-Кими-Скирос стана вирална, а ја снимил Гркот Нонтас Калогианис и ја објави на Фејсбук.

Изгледа како фотомонтажа бидејќи огромниот брод „плови“ над површината на морето, па не е чудно што луѓето ги потсетува на сцена од видео игрите или познатиот филм „Матрикс“.

Колку и да изгледа нереално, тоа е автентично, а Калогианис снимил многу сложена фатаморгана, пренесува Daily Star.

Фатаморгана е оптички феномен во атмосферата создаден со температурна инверзија во која на далечниот хоризонт се појавува превртена фигура на далечен објект.

Поради оваа причина, кога условите се идеални, предметите како што се бродови, карпи, па дури и цели острови можат да се појават како привиденија, делумно на небото, а делумно во морето.

Метеорологот на БиБиСи Дејвид Брејн додава:

„Супериорните фатаморгани се предизвикани од временската состојба позната како температурна инверзија, каде што студениот воздух лежи во близина на морето со потопол воздух над него. Бидејќи студениот воздух е погуст од топлиот воздух, тој ја свиткува светлината кон очите на некој што стои на земја - или кон брегот, менувајќи го изгледот на далечниот објект“.

Се верува дека вака може да се објасни легендата за бродот дух - „Летечкиот Холанѓанец“.

Инаку, сцената од Грција не е единствената. Така, на почетокот на 2021 година, танкер што „плови“ над површината на морето беше фотографиран во близина на брегот на британски Корнвол.

Гордана Сиљановска- Давкова го доби од ДИК Уверението за избран претседател

Денес, Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова.

Државната изборна комисија издаде Уверение за избран Претседател на Македонија, на Гордана Сиљановска Давкова, која според резултатите од спроведените избори за избор на Претседател на Македонија, одржани на 24 април и 8 мај 2024 година, беше избрана за Преседател на државата.

На седницата која ја одржа Државната изборна комисија, беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето за Избор на Претседател на Македонија, одржано на 8 мај 2024 година.

Државната изборна комисија утврди дека вкупниот број на запишани избирачи за претседателските избори кои биле запишани во Избирачкиот список изнесува 1.814.317, вкупниот број на избирачи кои гласале бил 861.218, вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња 953.121, вкупниот број на важечки ливчиња 812.899, вкупниот број на неважечки ливчиња 48.289 а процентот на избирачи кои гласале е 47.47%.

На гласањето по листите за кандидат за Претседател на Македонија, во законски утврдениот рок, по истекот на рокот определен за приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите и објавените првични резултати, Државната изборна комисија ги објави и следните конечни резултати:

Стево Пендаровски, освоени 251.899 гласови

Гордана Сиљановска Давкова, освоени 561.000 гласови

За Претседател на Македонија е избрана Гордана Сиљановска Давкова со мнозинство гласови од избирачите кои гласале.

Претседателот на ДИК, Проф.Др. Александар Даштевски и го предаде Уверението на Гордана Сиљановска Давкова и од име на Комисијата и посака успешен мандат како шеф на државата.

ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА

Мицотакис: Иако не се согласував со Договорот од Преспа, морам да го почитувам

Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис .

Се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема постизборно да бидат официјална позиција на новата Влада на Македонија, бидејќи ако се случи ова, ќе имаме проблеми, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија Алфа, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека и тој како опозиција не се согласуваше со Договорот од Преспа, но сега мора да го почитува во рамките на континуитетот на државата и потенцираше дека истото ќе треба да го стори и новата Влада.

Посочи дека „со загриженост“ ги следи изјавите на функционерите на ВМРО, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види „на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја“.

-Сакам да бидам јасен. Јас лично не се согласував со Договорот од Преспа, а особено со одредниците „македонска нација“ и „македонски јазик“. Но, го прифатив Договорот во рамките на континуитетот на државата и препознав дека, и покрај моето несогласување со Договорот, морам да го почитувам. Истите барања постојат и сега од новото раководство на Македонија. Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми, рече Мицотакис.

притисни ентер