Истражувања во локалитетите Грамадје, Попов рид кај Берово и во атарот на село Робово

Во археолошките локалитети Грамадје кај село Владимирово, Попов рид кај Берово и во атарот на село Робово, студентите по археологија на штипскиот универзитет „Гоце Делчев„ заедно со своите професори вршат сондажни истражувања.

Студентите истражувачи на античките населби во Малешевијата трагаат по Пајонски утврдувања, населби и некрополи на неколку локалитети долж реката Брегалница. Пронајдениот движен материјал во вид на камени тегови за разбој и разни видови на керамика се сведоштво за животот на Пајонците во Малешевијата.

- За студентите по археологија ова истражување, што го раководи нивниот професор Нацев, е идеална можност да ја поврзат теоријата со практиката, вели Жаклина Кушевска, дипломиран историчар и археолог од Скопје.

Проектот за истражување на пајонското минато во Малешевијата финансиски е подржан од Министерството за култура. Се очекува со археолошките истражувања да се продолжи и на неколку локалитети во соседната област Пијанец , на територијата на општината Делчево и во поширокиот Брегалниќки регион./МИА

Борел: Шпанија, Ирска и Словенија со план симболично да ја признаат Палестинската држава

Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат палестинската држава на 21 мај, изјави денеска шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.

„Колку што знам да, бидејќи така ми кажа министерот (Хозе Мануел) Албарес“, рече тој мислејќи на министерот за надворешни работи на Шпанија.

Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.

„Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа“, додаде Борел./МИА

Зеленски: Русија започна нова офанзива во регионот Харков

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

„Русија започна нов бран на офанзивни акции во насока на Харков. Нашите бранители ги пречекаа со копнени сили, бригади и артилерија“, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, додавајќи дека Русите би можеле да испратат повеќе сили за поддршка на пробивот на североисток.

Руските сили денеска почнаа копнена офанзива со оклопни возила во близина на Харков, вториот по големина град во Украина на североисток, и постигнаа ограничен напредок. Ова отвори нов фронт во долготрајната војна што се води на исток и југ.

Украина испрати засилување додека беснееја борби во пограничните области во областа, соопшти Министерството за одбрана, додавајќи дека Русија го нападнала пограничниот град Вовчанск со наведувани бомби и артилерија.

„Околу 5 часот, непријателот се обиде да ја пробие нашата одбранбена линија под заштита на оклопни возила. Тие напади сега се одбиени, борбите со различен интензитет продолжуваат“, соопшти Министерството.

Украински воен извор, кој одби да биде именуван, рече дека руските сили напреднале еден километар во внатрешноста на украинската граница во близина на Вовчанск. /МИА

Ракети истрелани врз градот Бершеба

Сирените денеска се огласија во израелскиот јужен град Бершеба, а потоа се слушнаа неколку експлозии.

Засега нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета од ракетниот напад.

Последен пат сирените во Бершеба се огласија на 14 април за време на иранскиот ракетен напад. /МИА

притисни ентер