Италијанците доминантни на Охридскиот пливачки маратон

Италијанците Франческо Гетини во машка и Барбара Поцопон во женска конкуренција, се победници на 32. издание на Охридскиот пливачки маратон, што се одржа денеска во Охридското Езеро.

Во неизвесниот финиш втор во машка конкуренција стигна Едуардо Сточино, а трет беше Андреа Бјанки, двајцата од Италија. Во групата која речиси едновремено стигна на целта беше и македонецот Евгениј Поп Ацев, кој сепак не заврши на подиумот.

Од жените втора беше Ана Олас од Унгарија, а Аличе Франко од Италија е трета.

Натпреварувачите ги пречка претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој им честиташе и на најдобрите во машка и женска конкуренција им врачи пехар, а за вторите и третите - медали.

Апсолутниот победник на 25 километарската делница „Климе Савин“, беше италијанецот Џетини, кој патеката ја мина за 5 часа 13 минути 59 секунди и 62 стотинки.

Во изјава за медиумите потврди дека прв пат учествува на Охридскиот пливачки маратон и после добриот старт успеал да стигне до победа.

- Беше навистина добра трка. Од почетокот се обидов да не ја користам целата моја сила и на крај успеав да победам, рече Џетини, кој скоро цело време ги предводеше маратонците, кои несвојствено пливаа во група.

Барбара Поцопон, која и минатата година го освои овој маратон нагласи дека трката била добра, но оти на крај времето не ги послужи.

- Почнавме со сонце, а завршивме со дожд и бранови што е тешко за оваа пливачка дисциплина, рече Поцопон.

Нашиот претставник Поп Ацев, кој беше во водечката група иако очекувал медал заостана во последните метри.

- Последните метри заостанав поназад од тоа што се надевав. Добра трка. Иако не се чуствував баш најдобро за време на трката сепак на финишот се надевав дека ќе освојам барем медал, но последните метри снемав сила, изјави Поп Ацев.

Дваесет и пет километарската трка ја почнаа 30 натрпеварувачи во машка и женска конкуренција, од кои двајца се откажаа некаде на половина, во близина на Трпејца.

Стартот го означи единаесет кратниот победник, Петар Стојчев од Бугарија. Бугарскиот пливач победуваше од 2001 до 2004. Во 2005 година од тронот го симна Французинот Жил Рондо, а потоа победуваше од 2006 до 2012 година во серија. /МИА

Коалиција Менуваме: Лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот на Македонија

Почитувана Македонска јавност, дипломатскиот кор во земјата, UNICEF и EU делегација во земјата, уставна комисија, политички партии на Јавната трибина организирана   Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова и иден претседател на Македонија.

Остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен политички живот на лицата со попреченост. Нам овие права ни се гарантирани согласно конвенцијата на лицата со хендикеп и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост.

О б р а з л о ж е н и е

Комитетот е загрижен дека:

(а)

Член 9 од Уставот на државата- членка не ја споменува попреченоста како

Основа за дискриминација;

Затоа бараме

Признавање на лицата со попреченост како лица еднакви во слободите и правата во Уставот на Македонија

Бараме:

Измена и дополнување на Уставот на Македонија и усогласување со Конвенцијата за првата на лицата со хендикеп

Се надеваме на поголема инволвираност од Ваша страна како иден претседател на Македонија, бидејќи според сите Конвенции, ЕКЧП цениме, сега и веднаш!!!

Напомена

Македонија ја има ратификувана конвенцијата на правата на лицата со попреченост на ON во 2011 година, по што е должна да ги оствари преземените обврски за гарантирање на правата на лицата со попреченост.

Коалиција Менуваме

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека нема индиции дека Хамас планира каков било напад врз американските војници во Појасот Газа, но изјави дека се воведени соодветни мерки за безбедноста на американскиот воен персонал.

На брифингот со новинарите Остин рече дека Појасот Газа е борбена зона и дека може да се случат напади, но дека во моментов не гледа никакви индиции дека Хамас планира напад врз американските војници.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби вчера изјави дека и покрај лошите временски услови, привременото пристаниште изградено од американската војска на медитеранскиот брег на Појасот Газа ќе биде отворено во наредните денови за да се забрза испораката на хуманитарна помош.

Европски фронт: Економски рамковен договор за еднакви можности, функционален пазар

Кандидатот за пратеник во втората изборна зона, Елми Азири преку пресс конференција го претстави Договорот за економски консензус (Економски рамковен договор), како еден од трите столба на платформата на Европскиот Фронт „Европа 2030“.

Во продолжение целосниот говор:

Почитувани претставници на медиумите

Почитувани граѓани

Економијата и животниот стандард на граѓаните е една од нашите приоритетни определби и ќе биде наслов на владата по 8 мај. Во периодот што го оставивме зад нас, бележивме резултати, покачувања на плати, колективни договори, поддршка на приватниот сектор и граѓаните од социјално ранливите категории, покачување на пензиите и субвенции во повеќе сфери. Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии.

Ова не е доволно, туку е поставена здрава основа за заживување на економијата на државата и вашите семејни економии. За да постигнеме животен стандард кој е близок, а зошто не и еднаков на другите европски граѓани, ги поставивме економските прашања како еден од трите централни столба на нашата програма Европа 2030.

По Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, дојде време за голем договор, а тоа е Договорот за економски консензус (економски рамковен договор).

Овој договор има за цел да обезбеди рамка за еднакви можности во функционална слободна пазарна економија со фер конкуренција и правичен регионален развој и инфраструктура што создава еднакви можности во економијата за сите учесници без разлика на нивната етничка, културна, полова и други групи на општеството.

Договорот за економски консензус ќе обезбеди политички и социјален консензус за развојните приоритети, политики и клучни реформи кои ќе овозможат социјална еднаквост и еднакви економски можности за сите, ќе создадат оптимизам и ќе промовираат забрзан економски раст (над 5% годишен раст на БДП), одржлив и сеопфатен развој за повисок стандард и квалитет на живот на сите граѓани.

Договорот за економски консензус се заснова на стратешката ориентација на земјата за членство во Европската унија и евроатлантската дефиниција на земјата во геостратешки контекст, како членка на НАТО и стратешки партнер со САД.

Договорот има за цел следните приоритети:

-Конкурентна економија и дигитална трансформација;

-Одржлив развој и зелена трансформација;

-Современа инфраструктура и правичен регионален развој;

-Човечки капитал и квалитет на живот; како и активна младина и еднакво општество.

Конкурентната економија и дигиталната трансформација значи забрзан раст и стабилни финансии, добро опкружување за бизнис, борба против монополите и олигархијата, борба против неформалната економија и фер и лојален даночен систем, како и поддршка на бизнисот, паметна специјализација и дигитализација на економијата.

Одржливиот развој и зелената трансформација ќе се фокусираат на чиста и здрава животна средина, безбедна, обновлива енергија и енергетска ефикасност, како и модерно земјоделство и одржлива храна.

Модерната инфраструктура и рамноправниот регионален развој се клучни за мала и отворена економија, имено паневропските коридори 8 и 10 ја ставаат нашата земја на крстопат и создаваат конкурентни предности со современиот транспорт и комуникација, автопатиштата и железницата.

Човечкиот капитал и квалитетот на животот се детерминанти во продуктивноста на економијата преку квалитетно образование, модерно здравство и одржлива социјална сигурност.

Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот. Исто така, демографијата, миграцијата и дијаспората ќе бидат во вниманието на сите економски и социјални политики за создавање нови перспективи.

Договорот за економски консензус ќе ја направи Северна Македонија пожелно место за живеење на нашите граѓани, за задржување на младите во земјата и за враќање на дијаспората, атрактивно место за туристи и омилено место за инвеститорите.

Почитувани граѓани, со овој договор ќе бидеме самата Европа!

Нејзината реализација останува наша обврска, бидејќи вие на 8 мај со вашиот глас ја потврдувате и продлабочувате големата победа на Европскиот фронт.

Ви благодарам!, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер