Изборната кампања во полн ек - се заострува реториката меѓу партиите

Изборна кампања во полн ек во која секое ветување се става на вага. Вака комуникологот Бојан Кордалов гледа на кампањата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори кои ќе се одржат на 8 мај.

Вели дека се што ќе им се вети на граѓаните ќе се следи колку ќе биде исполнето.

-Веќе во вториот круг можеме да видиме една динамика којашто за актуелната власт ќе ги одрази следните четири години на начин на функционирање, како ќе се преструктуираат и слично, додека за актуелната опозиција сериозен тест колкави какви ветувања ќе дадат во случај да навистина успеат како што ветуваат да ја формираат владата че мора многу бргу да ги спроведуваат. Сега секое ветување се става на вага и секое ветување се запишува и многу јасно ќе се следи. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Иако вели дека политичките пораки и меѓусебните прозивки и провокации кои доминираат во овој период, пресудно влијание врз гласачите нема да имаат со оглед на тоа што најголемиот дел од граѓаните кои излегуваат на гласање уште претходно знаат за кого ќе гласаат.

-Значи 20 или 40 дена чуда не прават. Можеби некој незначителен дел да променат но генералната слика не. Тоа е истражување, тоа е факт, тоа е искуство досега тоа е пракса. Но партиите мора да разберат, и кандидатите дека тоа што го зборуваат денеска е тајмер којшто почнува да врти за следните година, две, три и ги отсликува нивните амбиции каде ќе бидат следните години. – Бојан Кордалов – Комуниколог

Од изборната капања остануваат уште помалку од десет дена. Загрижувачки, вели Кордалов е што и понатаму останува висок бројот на граѓани кои не гласаат, но ниту на овие избори помеѓу два круга, не очекува дека ќе има промени во бројките околу излезноста.

Младите невработени до 29 години во Велес можат аплицираат за мерката практиканство

Младите невработени до 29 години, пријавени во Агенцијата за вработување во Велес можат аплицираат за мерката практиканство.

Невработени млади лица до 29 години со завршено средно образование и евидентирани во Агенцијата за вработување Велес кои немаат работно искуство можат да аплицираат на активната мерка за практиканство, а за што три месеци ќе добиваат финансиска поддршка од 11 илјади денари. Јавниот повик трае до утре 17 мај до 14 часот.

Оваа мерка обезбедува во период од три месеци стекнување на практични работни знаења и вештини кај работодавачите со цел извршување на потребните работни задачи на одредени работни места. Од Центарот за врабитување Велес потенцираат дека местата се ограничени, затоа сите заинтересирани невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници. Пријава за учество во мерката може да се поднесе секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот. Исто така може да се аплицира и електронски преку https://e-rabota.av.gov.mk .

Од Агенција за вработување појаснуваат дека секој кандидат којшто ќе биде избран и вклучен во мерката практиканство ќе добива финансиска поддршка во износ од 11 илјади денари месечно за периодот додека ја извршува практичната обука. Исто така вклучено е и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход. Правата и обврските помеѓу АВРСМ и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра.

Годинешниот претставник на Хрватска на „Евровизија“ - Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, денеска изјави дека не ја прифаќа владината парична награда од 50.000 евра, бидејќи има многу поединци и организации на кои им требаат тие пари повеќе.

Бејби Лазања во објава на Инстаграм ѝ се заблагодари на Владата на Хрватска за паричната награда и од техничкиот премиер Андреј Пленковиќ... Но, побара да донираат по 25.000 евра на Институтот за детска онкологија и хематологија со дневната болница „Младен Ќепулиќ“ и Институтот за детска хематологија, онкологија и трансплантација во Загреб.

Пленковиќ претходно на владината седница најави дека Владата ќе го награди хрватскиот претставник на „Евросонг“ со 50.000 евра, за „огромна промоција на Хрватска“ и за освоеното второ место.

Лајка: Вдоми повозрасно куче!!

Тие сѐ уште имаат многу љубов и верност за давање.

Чинот на вдомување на повозрасно куче е уникатно искуство на чиста љубов, хуманост и добрина што ќе го имате во животот. Тоа е единствена можност целосно да го отворите своето срце и да му посакате добредојде на животно кое животот можеби и не го галел претходно; прекрасен придружник кој ќе стори се да се вклопи во вашиот живот, лојален и бескрајно благодарен член на вашето семејство.

Постои идеално возрасно куче за секого, куче кое веднаш би се вклопило во различни ситуации - без разлика дали се работи за семејство со деца или самец кој работи, пензиониран пар или студент. Без разлика на контекстот, сè што сака едно повозрасно куче е да биде видено, сакано, издвоено и препознаено токму тоа како лојален придружник и другар, дел од семејството.

Возрасните животни се лесни за адаптирање, нема да поминете низ долги фази на адаптација за стекнување навики, ниту ќе останете без омилените обувки, зошто му растат заби на вашето кутре. [😊] Знаат што значи не, знаат да одат на поводник; можете веднаш да креирате заеднички авантури, да патувате со автомобил, да планирате одмор.

Прекрасни се и инспиративни приказните на вдомени постари кучиња. Бидете и вие пример со некоја таква приказна, со некој од прекрасните сениори од Лајка.

Дојдете и посетете не, бројни се шармантните сениори во нашиот стационар, а некој од нив чека токму на вас.

притисни ентер