Избрани петте естетски најуспешни автомобили на деценијата

Кога станува збор за естетиката , не може да се донесе прецизна оценка , се додека не се употреби и науката.

Токму тоа го направи британскиот Carwow , кој одлучи да го примени златното правило за естетика врз автомобилите. Математички базираниот структурен термин се користи во уметноста со векови, и едноставно кажано, тоа е начин да се одреди естетска вредност со делител од приближно 1,6 што е златниот број на убавина.

Доколку се примени овој закон, во кој помалиот дел кон поголемиот се однесува како поголемиот према целината, се добива неочекувана листа. Најубавиот автомобил во изминатата деценија е малиот Смарт, бидејќи златното правило за убавина го исполни со 98,83%.

Во топ 5 се рангирани и Volkswagen Up! (98,62%), Opel Mokka (98,57%), Тоyota Corolla (98,56%) и Nisan Micra (98,55%). Ако се прашувате каде се супер автомобилите на Lamborghini, знајте дека се на дното, некаде околу 500-тo место . Најгрдиот автомобил на ова тестирање е Ford Fiesta ST на 626. место со само 34,31% поклопување со древното правило за убавина .

Димитриевски: До 8 мај нема да учествуваме во било какви преговори

Една изборна единица, црвени национални линии, промена на преговарачката рамка, се условите на Максим Димитриевски за постизборна соработка. 

Тој во гостувањето во утринската програма на Канал 5 „Здраво Македонија“, оцени дека СДСМ го допрела дното, а опозицијата уште не дојдена на власт потсетува на власта до 2016 година...

Необичен протест на млади во Тирана, упаднаа во Парламентот

Необичен протест се одржа денеска во албанскиот Парламент, каде група млади луѓе упаднаа за да ја изразат својата поддршка за иселениците од албанската дијаспора да имаат право на глас на следните избори во земјата, објави Еуроњуз Албанија.

Тие, како што пренесуваат медиумите, се качиле на една од терасите во пленарната сала на Парламентот, од каде фрлале летоци кон пратениците држејќи транспарент со натпис „Сакам да гласам во 2025 година“.

Тие истакнаа дека власта ја прекршува одлуката на Уставниот суд што им даде рок од една година да го решат прашањето за гласањето на дијаспората на изборите во 2025 година, кога се очекува да се одржат редовни парламентарни избори.

Во изјава за медиумите, младите додаваат дека се активисти кои сакаат да го информираат јавното мислење и владејачкото мнозинство за гласањето на дијаспората./МИА

Ковачевски: Влада се формира со поддршка од 61 пратеник

Парламентарната трка не е завршена, ако некој не го освоил мнозинството од 61 пратеник за формирање на влада значи ги изгубил изборите, вели лидерот на СДСМ Ковачевски.

Тој се уште нема концизен одговор дали има шанси неговата партија да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ доколку се случи сценариото тие да победат, а се соочат со услови или уцени од албанските партии. Според него за ова ќе се разговара по конечните резултати од изборите во среда.

-Тој што не може да формира влада значи изгубил на изборите, бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник. Ќе видиме какви ќе бидат резултатите од изборите на 8 мај, бидејќи изборите уште не се завршени. Тогаш ќе може да се разговара за формирање на влада. Чекајте, полека, па ние сме на избори конкуренти со ВМРО-ДПМНЕ, осми нека дојде па ќе видиме. - Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

На прашањето како ја коментира националистичката реторика од партиските митинзи, како што се скандирањата за УЧК од ДУИ, Ковачевкски рече дека ги осудува и нив, но и пораките кои ги возвраќаат од опозицискиот табор.

-Јас веќе ги имам осудено изјавите и на господинот Ахмети во однос на несоодветното скандирање на плоштадот Македонија, бидејќи тие се анахрони скандирања и не враќаат 20 години наназад во едно закопано минато коешто сме го надминале со Охридксиот рамковен договор и членството на НАТО... Исто така упатив порака и до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Силјановска дека националистичка реторика не води никаде.- Димитар Ковачевски – претседател на СДСМ

Кампањата за парламентарните и претседателските избори ќе трае уште четири дена. Според најавите од првиот човек на ДИК Даштевски, резултатите од гласањето за двата процеса може да се очекуваат уште истата вечер на 8 мај.

притисни ентер