Проектот е симболична индикација за суптилниот свет на уметникот и претставува дела кои имаат хетерогеност при изборот на материјали и техники, артефакти, комбинирани, преработени во едно пошироко авторско видување, реаранжирање, бриколажирање,...
На изложбата, организирана по повод 20 години дипломатски односи меѓу Македонија и Австрија, се преставени дела од Антони Мазневски, Атанас Атанасовски, групата ОПА (Слободанка Стевчевска, Денис Сарагиновски), Вана Урошевиќ, Жанета Вангели, Дијана Томиќ Радевска, Ивца Димевска и Исмет Рамиќевиќ.