Изложба на скулптурот Слободан Милошески во Гевгелија

 Во Гевгелија синоќа беше отворена изложба на скулптури од галериски формат насловена „Рефлексија на диферентни модулации," од авторот Слободан Милошески.

На изложбата која е поддржана од Министерството за култура, Милошески пред гевгеличани се претстави со 15 скулптури.

Критичарите на уметноста го сметаат за еден од најдобрите македонски скулптори во групата уметници кои работат во доменот на апстрактно – минималистичкиот концепт поради тоа што користи едноставни геометриски форми и индустриско импровизирани материјали за создавање дела од разни размери.

-Најважно е што неговите скулптури имаат изразен динамизам во кој дури и гледачот е вклучен да учествува во тој динамизам станувајќи вовлечен во нивниот раст, со што тие, скулптурите, се чувствуваат како длабоки човечки движења во потрага по спокојот,рече на отворањето гевгелиската уметничка Мирјана Крстева Массетти.

Авторот Слободан Милошески досега реализирал повеќе од 20 самостојни изложби и учествувал на 60 групни изложби во земјата и странство на кои добил 13 награди и признанија.Член е на ДЛУМ од 2009 година, а моментно работи како доцент на Ликовната академија при универзитетот „Гоце Делчев" во Штип. /МИА

Видео: Лејкерси елиминиран од Денвер во првото коло на НБА плејофот

Лос Анџелес лејкерс утрово загубија од Денвер во петтиот натпревар од првото коло на НБА плеј-офот со резултат 106:108. 

Денвер ги победи Лејкерс со 4-1 во серијата и се пласираше во втората рунда од разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на паркетот беше Џамал ​​Мареј, кој постигна 30 поени. Кај гостите од Лос Анџелес се истакна Леброн Џејмс со постигнати 30 поени и 11 асистенции.

Во четвртфиналето Денвер нагетс ќе се соочи со Минесота тимбервулвс. Ова ќе биде пресметка на второ и третопласираните екипи во основниот дел од Западната конференција.

Пласман во четвртфиналето ноќеска обезбеди и Оклахома со победата над Њу Орлеанс 97:89 (вкупно 4:0 во серијата).

МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина

Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина за злоупотреба на службена положба.

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело "злоупотрба на службената положба и овластување" согласно член 353 од КЗ, информираат од МВР.

- Имено, истиот на 04.08.2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи - реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на Градот Скопје, стои во соопштението од МВР. На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662 илјади денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

притисни ентер