Изменетиот Закон за возила стапува во сила без целосно дефинирани критериуми

Во сила стапи Законот за измени и дополнување на Законот за возила со кој се предвидува субвенционирање на граѓаните што ќе набават ново или половно возило со EURO 5 или повисоки еколошки стандарди.

Субвенции за вградување на плински или метанов уред во возилата со EURO 4 и понизок стандард и воведување на еколошки налепнции за возилата. Сепак, условите и критериумите за субвенции за набавка на возило се уште не се утврдени, а одредбата за еколошки налепници има одложено дејство и ќе стапи на сила по 12 месеци.

-Условите и критериумите за субвенција на возила ќе се одредат во Програма за субвенционирање која ќе биде донесена и објавена од страна на Владата. Во нив ќе се прецизира колку пари ќе се субвенционира за набавка на возило со EURO 5 стандард и повеќе, дали висината на субвенцијата ќе зависи од набавната цена и како ќе се утврдува за половни возила, како и дали ќе се субвенционираат и граѓаните кои сами ќе набават возило од странство, велат од Министерството за економија.

Според нив, откупот на старо возило ќе биде единствен услов за добивање субвенција за ново возило и се уште не е прецизирано дали субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен" или ќе добива секој без разлика колку ќе купат нови возила. Во моментов во соработка со другите министерства, посочуваат, се разгледува и дали субвенцијата ќе се добива откако претходно граѓанинот целосно ќе го плати новото возило или на некој друг начин.

Во законското решение се предвидени 170 милиони денари за субвенционирање на вградување на плински и метанов уред во возилата со EURO 4 стандард и помалку, како и за купување на половно или ново возило со повисоки еколошки стандарди по системот старо за ново. Првично овие средства беа предвидени за субвенционирање на набавка на нови хибридни и електрични возила, но со амандманите решението се преиначи. Сепак, оние што ќе купуваат хибридни и електрични возила ќе можат да користат субвенции од програмата старо за ново возило.

Лани во земјава биле регистрирани 477.350 возила, од кои околу 60 отсто се дизел автомобили. Од нив 90 отсто се постари од 10 години.

Бектеши: Ќе се субвенционира и набавка на половни возила со EURO 5 или повисок стандард

Министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за ТВ Алсат најави дека се предвидува да се субвенионира и набавка на половни возила со EURO 5 и повисок стандард од салоните на импортерите на половни возила по принциопот старо за нова, а единствен услов за тоа е да се одјави претходното возило.

Тој неодамна ги презентираше измените во Законот за возила и посочи дека се плод на барањата на граѓаните за намалување на загадување на воздухот од страна на возилата и се однесуваат за две важни подрачја, сообраќајот и екологијата. Прецизира дека субвенционирањето се очекува да почне од наредната година, но додаде дека е можно да се случи и порано доколку се обезбедат средства со најавениот ребаланс на Буџетот.

Бектеши појасни дека со измените се воведуваат субвенции за вградување на уреди на течен нафтен гас (плин) или компримиран земјен гас односно метан, субвенции за купување на ново возило илиполовно возило што ги задоволува повисоките еколошки стандарди, ако претходно користеното се одјави. Се воведува и еколошка категоризација на возилата во зависност на стандардите кои ги исполнуваат. Тие доброволно ќе се одбележуваат со зелена, жолта и црвена налепница, а се воведуваат и жолти регистарски таблички за таксистите и унифицирана светлечка табла за такси возилата.

-Со мерката за субвенционирање на трошоци за вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во постоечките возила се предвидува да се субвенцинира 50 отсто од цената на трошоците за набавка и вградување на уредот, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност за возило и се предвидува да бидат опфатени над 1.200 возила на годишно ниво, рече тогаш Бектеши.

За мерката за субвенционирање на купување на ново лили половно возило со одјава на старо возило, додаде, се предвидуваат субвенции од две до три илјади евра во денарска противвредност, како и во првата година да се субвенционира набавката на 200 до 500 возила. За еколошката категоризација на возилата истакна дека ќе биде на доброволна база и ќе има три категории со различни бои на налепници. На барање на здруженијата за автотакси превоз се воведуваат жолти таблици за такси возилата, со цел да се препознаваат лиценцираните и регистрираните такси возила, и да се спречи нелојалната конкуренција.

Еколошката категоризација на возилата со одложено дејство од 12 месеци

Новиот Закон за возила предвидува доброволна еколошка категоризација на возилата со зелена, жолта и црвена еколошка налепница. Оваа одредба од законот има одложено дејство и ќе стапи на сила по 12 месеци. Ограничувањата за движење на возилата во периодот на зголемена загаденост на амбиенталниот воздух ќе ги одредува локалната самоуправа на одредени делови од градовите. Во деновите кога ќе има забрана за движење на возилата ќе може да сообраќаат само возилата со зелена еколошка маркица, но не и возилата кои имаат EURO 5 или повисок еколошки стандард што не се 3означени со еколошки маркици.

-Првата еколошка категорија ќе ги опфаќа возилата со ниво на емисија на издувни гасови EURO 5 и повисоко, како и возилата со EURO 4 и EURO 3 кај кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, хибридните возила и електричните возила, но и возилата кои имаат вградена опрема што ја намалува емисијата на гасови во воздухот и ги достигнуваат стандардите на EURO 4, EURO 5 и повисоко. Втора еколошка категорија ќе ги опфаќа возилата со EURO 4 и EURO 3 стандард, а трета возилата со EURO 2 и понизок стандард, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, информираше неодамна министерот за економија Крешник Бектеши.

Во новиот Закон за возила се вели дека зелена еколошка налепница ќе можат да добијат возилата што го исполнуваат стандардот EURO 5 и повеќе, но и возила со EURO 4 и EURO 3 стандард во кои е вграден плински или метанов уред, како и хибридните и електричните возила. Од категоризацијата се изземаат возилата на војската, полицијата, пожарната и брзата помош, како и возила во кои се возат лица со попреченост. Тие ќе можат да се движат и во зоните каде има забрана за движење поради загаденост на воздухот. Трошокот за еколошката налепница ќе биде на товар на граѓаните, а за издавање на погрешна еколошка маркичка предвидена е глоба од 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице во техничката служба.

ССК не гледа потреба од субвенции за набавка на половно возило

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) го поздрави донесувањето на новиот Закон за возила со кој се предвидуваат субвенции за набавка на возила со повисоки еколошки стандарди, но не гледа потреба од субвенционирање на набавката на половни возила.

-Оваа мерка има два аспекта – социјален и еколошки. Веруваме дека треба да бидат запазени двата истовремено, но не ја гледаме потребата во делот за субвенционирање на половни возила. Сепак, сметаме дека треба да се задржи социјалниот аспект, но истовремено да се поткрепи со еколошкиот, односно да им се овозможи на граѓаните со субвенционирање и со обезбедување бескаматни кредити да можат да си дозволат да ги заменат старите возила со нови што нема да имаат импакт врз животната средина, вели претседателката на ССК Данела Арсовска.

Таа истакнува дека во светот имало вакви практики, но само за возила што не ја загадуваат или минимално ја загадуваат животната средина.

-До сега не сме имале пракса за субвенционирање половни возила, ниту во Европската Унија, ниту, пак,во поблиската околина и не знам дали можеби Министерството за економија има информации и конкретни примери каде е применето или спроведено такво нешто. Сепак, бидејќи мерката важи и за нови возила веруваме дека е добра, но сметаме дека нејзините крајни ефекти треба да ги опфатат светските практики за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Тоа се постигнува само со мерки што се добро осмислени и долгорочни со кои возилата што загадуваат се исфрлаат надвор од сообраќајот, потенцира Арсовска./МИА.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер