Израел ја гранатира Рафа додека Бајден предупредува на прекин на испораката на оружје

Израелската армија денеска го гранатираше Рафа, во време кога американскиот претседател Џозеф Бајден најостро го предупреди Израел дека ќе престане со испораката на оружје доколку почне офанзива против тој град на југот на појасот Газа.

И покрај меѓународното противење Израел веќе испрати тенкови и врши „целни упади“ во пограничниот град, за кој тврди дека е упориште на преостанатите баталјони на Хамас.

Во градот и неговата околина има илјадници раселени Палестинци кои избегаа од конфликтот во другите делови на Газа.

Како што пренесе Бета, Рафа утринава бил силно гранатиран, а израелската армија подоцна објави дека ги напаѓа и позициите на Хамас северно, во централниот дел на палестинската енклава.

Чави: Второто место на Барселона беше наша минимална задача

Второто место на Барселона беше наша минимална задача, можеме да се натпреваруваме за уште еден трофеј следната сезона.

Тренерот на Барселона, Чави истакна дека неговиот тим ја исполнил најмалата задача со освојување на второто место во шпанската Ла Лига.

-Ова беше минимална задача за нас. Со пласманот на втората позиција, тимот за сезона обезбеди учество во Суперкупот и шанса да атакува на уште еден трофеј. Целта е најдобриот рецепт за стекнување самодоверба. Педри треба постојано да игра, да фати ритам. Потребна му е динамика, која недостигаше поради повредите. Тој е дефинитивен фудбалер кога ја има топката се оди добро. Кога Ламин Јамал ја има топката, се случува нешто посебно. Зборуваме за многу важен фудбалер. Важно е да се грижиме за него и да го одржуваме среќен, тоа ќе му овозможи да остане на ова ниво многу години, изјави тренерот на Барселона.

За иднината на Чави на тренерската позиција во Барселона треба да се расправа денес на состанок со претседателот на клубот Жоан Лапорта.

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси

Хамнеи прогласи петдневна жалост во Иран поради смртта на Раиси кој загина во пад на американски хеликоптер.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска прогласи петдневна национална жалост поради смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Хамнеи претходно изјави дека првиот потпретседател на Иран Мохамед Мохбер е одговорен за извршната власт и оти има рок од 50 дена за одржување претседателски избори.

Според Уставот, во случај на смрт на иранскиот претседател, првиот потпретседател ја презема функцијата шеф на државата во текот на 50-дневен преоден период до одржување на избори, што е предмет на одобрение од иранскиот врховен лидер, кој го има последниот збор во сите државни прашања.

Хеликоптерот во кој загина Раиси беше американски Бел (Bell) 212 кој го развила компанијата „Bell Helicopter“ за канадската армија во доцните 1960-ти како надградба на оригиналниот UH-1 Iroquois.

Цивилната верзија на тие хеликоптери од ерата на Виетнамската војна беше во широка употреба низ целиот свет и ја користат и влади и приватни оператори. Хеликоптерот беше претставен во 1971 година и набргу потоа почна да се користи во САД и Канада, според американски документи за воена обука.

Хеликоптерот Бел 212 е прилагодлив на сите типови ситуации, вклучително и превоз до 15 луѓе, распоредување на воздушна противпожарна опрема, транспорт на товар и монтирање оружје.

Иранскиот модел што се урна вчера беше модифициран за да носи државни функционери. Хеликоптерите Бел 212 ги користат, меѓу другите, крајбрежната стража на Јапонија, агенциите за спроведување на законот во САД, полицијата во Тајланд. Иранското воздухопловство и морнарица имаат вкупно 10 вакви хеликоптери, а не е познато колку летала од овој тип користи иранската влада. Во последната несреќа во Иран со хеликоптер Бел 212, што се случи во 2018 година, загинаа четири лица.

Фото: Елегантната Деми Мур блеска во Кан!!

Холивудската ѕвезда Деми Мур блесна во фустан поради кој сите се едногласни во ставот, дека само вака се доаѓа во Кан!!!!

Познатата актерка е главна ѕвезда на филмот „The Substance“ кој вчера премиерно беше прикажан на Канскиот фестивал.

Убавата актерка на црвениот тепих во Кан се појави како вистинска дива.

Канскиот фестивал е во полн ек, а вчера се одржа премиерата на филмот „The Substance“, во кој главната улога ја има холивудската дива Деми Мур.

Познатата актерка пред премиерата на филмот прошета на црвениот тепих во елегантен фустан со кој уште еднаш потсети зошто е една од најубавите и најдобро облечените дами во светот на славните.

Таа позираше пред претставниците на медиумите во елегантна креација со потпис на модната куќа Скиапарели, тоалет во боја на шампањ.

притисни ентер