Известувачите на ПССЕ изразуваат загриженост за положбата на македонското малцинство во Бугарија

Германскиот парламентарeц Франк Швабе и унгарскиот Золт Немет,  во името на комисијата за следење на обврските на земјите членки, препознава дека Бугарија постигнала напредок од донесувањето на последниот извештај 

Во извештајот на мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во рамките на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија, за кој ќе расправа во четврток, германскиот парламентарeц Франк Швабе од групата на социјалистите и унгарскиот Золт Немет од групата на Народните партии, го поздразвуваат како значаен напредок на надворешната политика на Бугарија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка соМакедонија. Но, истовремено тие изразуваат загриженост поради непочитувањето на правата и говорот на омраза на кое е изложено непризнатото македонското малцинство, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Германскиот парламентарeц Франк Швабе и унгарскиот Золт Немет, во името на комисијата за следење на обврските на земјите членки, препознава дека Бугарија постигнала напредок од донесувањето на последниот извештај за пост-мониторинг дијалогот во 2013 година.

Тие притоа нагласувааат дека „главен настан во областа на надворешната политика, е потпишувањето од Бугарија на договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Македонија. Со овој договор им се стави крај на 18 години преговори и тоа претставува голем чекор напред"- велат известувачите.

Понатаму тие се осврнуваат и на отворениот проблем со „непризнатото" македонско малцинство во Бугарија.

За време на посетата на Бугарија, Франк Швабе и Золт Немет се сретнаа со претставници на граѓанското општество кои работат на малцинските прашања, вклучувајќи ги и претставниците на Ромите и Македонците. Во нивниот извештај тие споменуваат неколку причини за загриженост кои им биле пренесени од претставниците на малцинството.

-Македонското малцинство не е признаено како такво од бугарските власти поради строгата примена на формалните критериуми, иако оваа група на повеќе пати ја изрази својата желба да ги има поволностите од заштитата со Рамковната конвенција за заштита на малцинстватам стои во извештајот.

Тоа за известувачите претставува „извор на загриженост за македонското малцинство. Поради овие причини македонско малцинство нема претставник во Советот за малцинствата. Македонците немаат програма за етничките заедници и не добиваат државна помош за зачувување и развој на нивната култура и идентитет. Ниту македонски јазик, ниту историја не се учи во училиштата. Не е регистрирана ниту една македонска организација. Нашите соговорници сметаат дека припадниците на нивната заедница се дискриминирани.",нагласуваат Франк Швабе и Золт Немет.

Македонците во Бугарија не постојат ни во статистичките бројки од пописот од 2011, односно тие се меѓу 49 000 лица кои се изјасниле како „други” (Руси, Ерменци, Македонци, Власи, Грци, Украинци и Евреи)./МИА.

-На поопшто ниво, нашите соговорници ни кажуваа дека говорот на омраза со расистички и нетолерантен карактер сè уште претставува голема загриженост во Бугарија. Главните цели на овој говор на омраза се Ромите, муслиманите, Евреите, Турците и Македонците.", велат тие.

Во последниот извештај за Бугарија, бугарските власти беа повикани систематски и безусловно да го осудат говорот на омраза против малцинствата, да ги зајакнат мерките за промовирање на толеранцијата и меѓусебното почитување и да ги охрабруваат одговорните политичари да прифатат примерно однесување.

-За жал, дознавме дека ситуацијата во овој поглед не се подобрила. Уште еднаш ги повикуваме властите да ги следат деталните препораки утврдени од ЕКРИ во својот извештај презентиран во рамките на петтиот мониторинг циклус, велат двата пратеници.

Инаку општо земени во извештајот за Бугарија се вели дека таа го воведе законодавство во областа на судството и борбата против корупцијата, со неколку исклучоци тоа е целосно во согласност со стандардите на Советот на Европа. Но таа, исто така одговори на извесен број на прашања за кои беше изразена загриженост од страна на Парламентарното собрание и другите механизми за следење на Советот на Европа. Сепак, прашањето за одржливоста и неповратноста на реформите и ефикасноста на мерките кои имаа за цел борба против корупцијата на високо ниво продолжи да се потпира на правилна примена на законодавството.

Комисијата за следење на обврските на земјите членки, предлага да се продолжи дијалогот за пост-мониторинг со Бугарија и да се оцени, во јуни 2020 година, напредокот во областа на судството, борбата против корупцијата на високо ниво, медиумите, основните права на малцинствата, борбата против говорот на омраза и насилството врз жените.

Терзиќ: Можевме да победиме со поголема разлика

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ е задоволен од победата над ПСЖ синоќа со 1:0 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, иако смета дека разликата можеше да биде и поголема.

- Ова е заслужена победа, добра тимска игра. Можевме да постигнеме повеќе голови, исто како и тие. Затоа, од моја гледна точка, резултатот не е лош. Многу се движевме, но тоа е неопходно во ваков натпревар. Мора да се стекнеме со право да играме на „Вембли“. За тоа ни треба само реми во реваншот, но секако дека сакаме и да победиме следната недела. Имаме мала предност и добра можност, изјави Терзиќ за сајтот на УЕФА.

Реваншот ќе се игра на 7 мај во Париз.

Другата полуфинална двојка во елитното фудбалско натпреварување е Реал Мадрид – Баерн Минхен (2:2 прв натпревар). /МИА

Синер: Морав да се повлечам од турнирот во Мадрид

Италијанскиот тенисер Јаник Синер објасни зошто решил да се повлече од турнирот во Мадрид.

Во четвртфиналето на Мастерсот требаше да игра со Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, кој сега автоматски се пласираше во полуфиналето, каде што ќе игра со победникот од двојката Данил Медведев - Јиржи Легечка.

- Многу е тажно да го пропуштам мојот следен натпревар овде во Мадрид. Колкот ме мачи оваа недела и болката постепено се влошува. Следејќи ги советите на лекарите, решивме дека е подобро да не играме понатаму. Во текот на следните неколку дена ќе спроведам други тестови и ќе ги следам советите на специјалистите за закрепнување. Ви благодарам за поддршката, напиша Синер на социјалните мрежи.

Оваа сезона 22-годишниот Италијанец освои три турнири - Австралија опен, како и турнирите во Ротердам и Мајами. /МИА

Блинкен го повика Хамас да се согласи за примирје за да им помогне на луѓето во Газа

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

Највисокиот американски дипломат Антони Блинкен го повика Хамас да го прифати планот за примирје во Газа и покрај израелското предупредување дека армијата ќе продолжи да се бори против палестинската милитантна група по каков било прекин на огнот.

Посредниците предложија договор за примирје со кој би се запреле борбите на 40 дена и би се размениле заложници.

Хамас соопшти дека ќе одговори „во многу краток период“ на предлогот.

„Хамас треба да каже „да“ и треба да го заврши тоа“, рече Блинкен синоќа додека беше во Израел на својата седма турнеја на Блискиот исток од почетокот на конфликтот во октомври.

Тој подоцна додаде: „Ако Хамас всушност тврди дека се грижи за палестинскиот народ и сака да види итно олеснување на неговото страдање, треба да го прифати тој договор“. /МИА

притисни ентер