Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред

Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, денеска  јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделен возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

-Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.

Челси му даде отказ на тренерот Покетино

Челзи дефинитивно ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако Маурисио Покетино денеска доби отказ.

Од клубот соопштија дека постигнале договор со тренерот и дека тој повеќе нема да го води тимот.

По една година на клупата на тимот, Аргентинецот не успеа да ги задоволи апетитите. Седмата позиција во првенството беше премалку и излез во Конференциската лига, па и покрај добриот крај на кампањата мораше да си замине.

За ова се зборува веќе некое време, но Челзи очигледно чекаше до крајот на сезоната за да го потврди тоа.

- Благодарност до сопственичката група на Челзи и спортските директори за можноста да бидам дел од историјата на овој фудбалски клуб. Клубот сега е добро позициониран да продолжи да напредува во Премиер лигата и Европа во годините што следат - изјави Покетино.

Во текот на кариерата, Покетино од клупата ги водеше и Еспањол, Саутемптон, Тотенхем и Пари Сен Жермен.

ЕУ одобри приходите од замрзнатиот имот на Руската централна банка да се користат за Украина

ЕУ даде официјално одобрение за користење на приходите од замрзнатите средства на руската централна банка за зајакнување на одбраната на Украина, соопшти денеска Советот на ЕУ.

Одлуката на Советот на ЕУ ја соопшти и белгиската влада, која во моментов претседава со 27-члениот блок.

„Советот на ЕУ ја потврди својата согласност да користи средства од запленетите руски средства за поддршка на воената самоодбрана и реконструкција на Украина“, се вели во соопштението на платформата Х.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ЕУ замрзна околу 210 милијарди евра средства на Руската централна банка.

Се проценува дека оваа сума ќе генерира камата од околу три милијарди евра годишно.

Околу 90 отсто од приходите би биле насочени кон Европскиот фонд за мировна помош, кој го користат повеќето земји-членки на ЕУ за да добијат компензација за воената опрема испорачана во Украина.

Русија му се закани на Западот со „остар“ одговор доколку ги заплени руските средства.

Кенсингтонската палата соопшти кога Кејт ќе се врати на обврските

Принцезата од Велс засега нема да се појавува на кралските настани бидејќи се вели дека сè уште закрепнува од болеста.

Враќањето на работа е исклучено, бидејќи нејзината фондација објави извештај за бизниси кои поддржуваат семејства со мали деца.

„Не се очекува принцезата да се врати на работа додека нејзиниот медицински тим не ја ослободи“, рече портпаролот на Кенсингтонската палата.

„Проектната работа во рамките на фондацијата ќе продолжи да биде централна за нејзината јавна работа“, соопштија од палатата.

Принцезата била информирана за извештајот издаден од Центарот за рано детство на Кралската фондација, но не била присутна на промоцијата во градот Лондон.

"Принцезата од Велс беше движечка сила зад работната група за бизнис. Таа е таму од нејзиното основање. Ќе ги продолжи своите активности кога ќе се врати на работа. Сепак, сега ѝ треба простор и мир за да закрепне. Принцезата се враќа на нејзините активности само кога ќе добие зелено светло од докторот“, се наведува во соопштението.

Исто така, Кенсингтонската палата нагласи дека принцезата и покрај тоа што е „активна“ на хартија, не се вратила на работа бидејќи продолжува да прима превентивна хемотерапија против рак.

притисни ентер