Кај дивите свињи на Шар Планина откриена е болеста африканска чума

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион.

Болеста африканска чума е евидентираната кај дивите свињи на подрачјата на Шар Планина, додека кај домашно одгледуваниот добиток нема регистрирано пример на ова заболување во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство. Оваа болест во голема мера ги зафати свињите во другите делови од државата.

- Болеста африканска чума кај свињите не е евидентирана кај домашната популација свињи во Полошкиот регион. Кај дивата популација свињи потврдена е на ловиште за крупен дивеч во село Вејце, општина Тетово. Болеста не е зооноза односно вирусот не е опасен и не се пренесува на луѓето, кои се можни негови преносители. Агенцијата за храна и ветеринарство наложи ловните друштва да вршат пребарување на ловиштата и сите пронајдени угинати диви свињи веднаш да ги пријават до надлежниот официјален ветеринар. Пребарувањето на ловиштата е исклучителна важна активност со цел рано откривање на присуството на вирусот на африканска чума кај свињите. По пријавата за пронајдена угината дива свиња, официјалниот ветеринар зема примероци за лабораториско тестирање и наложува мерки за нештетно отстранување угинатите диви свињи, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дивите свињи имаат важна епидемиолошка улога во ширењето на болеста преку труповите од пцовисаните животни во кои вирусот опстојува долго време. Тие се заразуваат со вирусот преку контакт со други диви свињи или преку исхрана со трупови од пцовисани животни, а потоа вирусот се шири во популацијата на диви свињи. Труповите од пцовисани диви свињи играат важна улога во одржување на вирусот во животната средина.

- Согласно наложените мерки од Агенцијата за храна и ветеринарство, концeсионерите на дивечот во ловиштата, управувачите со државните ловишта ЈУ „Национални паркови“ и ЈП „Национални шуми“ – Скопје се должни да достават неделни извештаи од резултатите од пребарувањето на ловиштата до официјалните ветеринари и АХВ, велат од оваа институција.

На подрачјето на националниот парк Шар Планина, од ноември 2023 па се до крајот на јануари 2024 ќе трае санитарен отстрел на диви свињи со цел спречување на ширење на болеста африканската чума. Санитарниот отстрел го реализираат ловечките друштва во соработка со националниот парк, а досега се застрелани 14 диви свињи.

Според информациите на Агенцијата, од секоја отстрелана дива свиња, се праќаат примероци за испитување на африканска чума кај свињите, класична чума кај свињите и трихинелоза до официјален ветеринар и АХВ. Доколку се добие позитивен резултат официјалниот ветеринар наложува мерки за нештетно отстранување на свињите.

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер