Кајли Џенер со ДНК тест докажа чија ќерка е Сторми (фото)

Најмладата сестра од најпознатото риалити семејство на светот, Кајли Џенер, на почетокот на февруари на само 20 години станала мајка.

Кајли со години беше во бурна врска со раперот Тига, за да само неколку дена по нивното раскинување се појави рака под рака со новото момче, Тревис Скот, кон средината на април.
Набрзо потоа почнаа да се шират шпекулациите дека Кајли е бремена, а таа молчеше за тоа, се криеше, за да ја открие вистината дури по породувањето ( веста ја пушти токму на денот на Супербол – најголемиот спортски натпревар во Америка).Нејзината ќерка Сторми е родена на 1 февруари.
На сите оние на кои математиката и малку им оди од рака им е јасно дека тука работите во најмала рака се чуди . Кајли имено останала бремена во април или мај. Кога и Тига и Тревис биле во „оптек“.Затоа и не е чудно што долго се шпекулираше кој е таткото на нејзиното дете – поранешното или сегашното момче. А тие ги „подгрејуваше“ и самиот Тига, кој неколку пати коментирал дека детето би можело да биде негово.
Поради сето тоа, Кајли прифатил да направи ДНК тест, за да еднаш засекогаш ги прекине озборувањата.Единствениот услов бил Тига повеќе никогаш да не зборува на оваа тема, пишува Daily Mail.
На сите им олесни кога ги дознале резултатите – таткото на детето на Кајли е нејзиното моментално момче Тревис (25). Тоа го дознала малку пред да ја објави фотографијата на нејзината ќерка на 23 март.
На изводот од матичната книга на родените на малечката Сторми, како биолошки татко е запишан Тревис Скот.

my angel baby is 1 month old today

A post shared by Kylie (@kyliejenner) on

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер