Како да ги зачувате забите за постари години (фото)

Еве што не треба да правите според советите на стоматолозите!

Како старееме, се менува нашиот организам, па и вилицата.

Коронката на забот е покриена со заштитен слој, глеѓ, која ја покрива главната структура на забот, дентинот. Дентинот ја заштитува пулпата, т.е. мекото ткиво што ја исполнува внатрешната шуплина и коренските канали на забите. Дентинот е главниот дел од забот и се состои од колаген, минерали, вода и протеини. Колагенските нишки се еластични, така што можат да се растегнуваат и да се враќаат назад спречувајќи пукање и кршење на забите додека џвакаме.

Крвните садови со остатокот од телото се поврзани преку пулпата и на тој начин комуницираат. Нашите заби стануваат кршливи со текот на времето бидејќи ја губат еластичноста поради недостатокот на колаген. Ова се случува почесто со пломбираните заби и забите со третман на коренскиот канал.

Надворешната површина на глеѓта со тек на време се истанчува до речиси непроѕирниот дентин, кој потемнува како што старееме. Храната и пијалоците исто така влијаат на промената на бојата на глеѓта. Постојат неколку начини да го продолжите животниот век на вашите заби и да ја задржите вашата насмевка блескаво бела.

Избегнувајте непотребна сила.

Не користете ги забите за отворање амбалажа, или не грицкајте предмети со нив, на пример, пенкало. Избегнувајте стегање на забите, така што ќе носите штитник. Ако имате пломби или коренските канали ви се третирани, разговарајте со вашиот стоматолог за материјалите за полнење или материјалите за коронки кои ќе ги заштитат вашите заби од пукање.

Споделете го оптоварувањето.

Ако немате катници или преткатници, рамномерно распоредете ја силата за џвакање за да спречите преоптоварување на забите.

Забите што недостасуваат, надоместете ги со изработка на мостови или импланти, или добри протези за да го задржите загризот.

Заштитете ја глеѓта.

Намалете ја загубата на глеѓта со добра четка за заби со меки влакна и неабразивни пасти за заби. Некои пасти за белење може да бидат абразивни и може да ја истрошат површината на забите. Намалете го изложувањето на киселини преку храната, на пример, лимонот.

Зголемете ја плунката.

Плунката ги штити забите од киселини, ги плакне и има антибактериски својства. Тоа е важно бидејќи ни помага да џвакаме, голтаме и зборуваме, но нејзиниот квалитет се намалува поради промените во плунковните жлезди, кои, пак, се поврзани со возраста, но и со земањето на некои лекови, на пример, антидепресиви или лекови за висок крвен притисок.

Третирајте ги заболените непца.

Естетскиот параодонтитис или заболувањето на непцата предизвикува собирање на непцата, при што се открива темниот корен на забот, кој е склон за развој на кариес.

Спречете го стареењето.

Клеточното стареење доведува до појава на многу болести, како што се дијабетес, Алцхајмерова болест, остеопороза, срцеви заболувања, но може да доведе и до појава на карцином. Брзината на стареењето на клетките зависи од животниот стил. Пушењето, неконтролираниот дијабетес, хроничните инфекции, како и болестите на непцата доведуваат до нивно побрзо стареење.

Прилагодете се и побарајте помош.

Најчесто, во староста луѓето ги запоставуваат забите и не ги мијат како што ги миеле претходно. Во овој случај, најдобро е да се консултирате со стоматолог, кој ќе ви помогне да ги исчистите забите или ќе ви препорача производи што им одговараат на вашите заби.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер