Како лажниот црногорски принц успеа да ја измами дури и Памела Андерсон!

Стефан Чернетиќ патувал низ светот и се фалел дека е принц на Црна Гора. Се дружел со светскиот џет сет и делел „кралски одликувања“.Но, на крајот неговата измама е откриена.


Според италијанските медиуми, лажниот црногорски принц е уапсен додека во автомобил мерцедес излепен со знаменца и амблеми на Црна Гора ги посетувал членовите на дипломатскиот кор и им нудел соработка, на некои дури и лажни дипломатски пасоши.

Стефан Чернетиќ тврди дека неговата официјална титула е Неговото царско височество принц Црна Гора, Македонија, Албанија, Србија и Војводина: Тој воедно тврди дека е наследник на средновековната црногорска династија Црнојевиќ.



Колку бил успешен во своето преставување како принц зборува и фактот дека На својот фејсбук профил црногорскиот „принц“ објавувал фотографии од гала вечери, со бројни славни личности...

Пред да биде откриен и уапсен успеал да ја измами дури и холивудската актерка Памела Андерсон, која ја прогласил за „Големата дама од Црна Гора“, а таа со новата титула се пофалила дури и на својот Инстаграм профил.

На свечената церемонија во чест на доделувањето на титулата памела дури и одржала говор:

„Ваше височество вистински сум почестена и благодарна на ова признание на Кралската куќа на Црна Гора и погодена од Вашата велокодушност“, изјавила Памела Андерсон, во својот говор.

Австралија и Нов Зеланд испраќаат авиони за евакуација на туристи од Нова Каледонија

Австралија и Нов Зеланд најавија дека ќе испратат владини авиони за да ги евакуираат своите граѓани од Нова Каледонија, француска прекуморска територија каде што летовите се прекинати поради насилните протести по повод измените на изборните закони.

„Граѓаните на Нов Зеланд во Нова Каледонија се соочија со неколку предизвикувачки денови и нивното враќање дома беше итен приоритет за нашата влада“, рече министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс, по состанокот со неговите француски и австралиски колеги синоќа, кога беше договорена евакуацијата.

Во таа акција ќе учествуваат авиони од одбранбените сили на Австралија и Нов Зеланд, а француската Висока комисија во Нова Каледонија денеска соопшти дека аеродромот на тој остров се уште е затворен за комерцијални летови и дека ќе испрати војска да ги заштити јавните објекти.

Немирите започнаа на 13 мај, откако пратениците во националното собрание во Париз гласаа за промена на законот за да им се овозможи на повеќе француски граѓани да гласаат на локалните избори во Нова Каледонија, што според домородните лидери ќе го неутрализира домородното политичко влијание.

Контингент од 1.700 полицајци од Франција веќе пристигна на островот. Властите прогласија вонредна состојба која вклучува ноќен полициски час, како и забрани за јавни собири, продажба на алкохол и носење оружје.

Фото: Бела Хадид се врати во Кан во проѕирен фустан

Мегапопуларната манекенка Бела Хадид се врати на Канскиот филмски фестивал за да го „сервира“ еден од најжешките изгледи досега!!

Една од најубавите жени на светот, манекенката Бела Хадид прошета на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во фустан кој повеќе открива отколку што покрива, посебно кај градите.

Сите погледи беа вперени во нејзиниот фустан Сен Лоран во боја на кожа, кој беше проѕирен и овој пат, многумина се согласуваат, покажа повеќе од потребното доколку сака да ја задржи титулата на жена која негува добар стил.

Кафеавиот фустан имаше длабоко деколте напред, додека задниот дел откриваше целосно гол грб. Некои потсети на проѕирната завеса од тул што и беше обвиткана околу телото.

Во април зголемени вкупните кредити и депозити

Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти.

Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата.

Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем придонес на корпоративниот сектор, а раст има и кај депозитите од 1,3 проценти којшто се должи на зголемените депотизи кај домаќинствата.

притисни ентер