Како се одвивал грабежот во Париз: Ким стравувала дека ќе биде силувана!

Порталот ТМЗ објавува како бил извршен грабежот во луксузниот апартман на Ким во Париз, кога петмина маскирани однесоа накит вреден милиони долари. Ким ги слушнала кога трчале по скалите кон нејзината врата...

Го зела телефонот да му се јави на својот бодигард Паскал Дувие, кој вечерта бил излезен со нејзината сестра Кортни, но крадците веќе влегле и и го одзеле телефонот од рацете.

Додека таа молела за својот живот и им кажувала на крадците дека има две деца, тие и ги врзале рацете и нозете со леплива лента и ја затвориле во бањата.

Според извори на „People“ Ким успеала да ги ослободи рацете и почнала да вика, а тоа го слушнала нејзината пријателка, стилистката Симон Харучи која била сместена на долниот спрат. Таа му се јавила на бодигардот, а тој пристигнал две минути откако крадците со велосипеди заминале од местото на кражбата.

Ким во полиција подоцна изјвила дека се плашела дека ќе ја силуваат. Крадците зборувале на француски и Ким не можела да ги разбере, само го разбрала зборот „ring“ - прстен, кој го повториле неколку пати. Дијамантскиот прстен вреден 4,5 милиони долари, подарок од Канје, и бил украден. Како и кутијата со накит вредна 6,7 милиони долари.

Ова е прстенот со кој ријалити ѕвездата се фалеше по социјалните мрежи, и веројатно им даде идеја на крадците.


There are fears some of the jewelry stolen in the raid could have included a Lorraine Schwartz engagement ring, diamond grillz  and sentimental necklaces designed by her husband Kanye West



- Оставивте траги, и ќе ве најдеме. Ви ветувам. Се закачивте со погрешни луѓе - изјави бодигардот на Ким Кардашијан, Паскал Дувие.


Kardashian's main bodyguard Pascal Duvier returned to New York today along with the star



Стив Станулис, безбедносен експерт, вели дека претераното откривање на социјалните мрежи довело до кражбата.

- Знаев дека ова ќе се случи. Мораше да се случи, кога Ким отворено се фали со своето богатство и дијаманти - вели тој за Дејли меил, и додава дека крадците имале помош и од некој во зградата кој им јавил кога Ким Кардашијан останала сама.


The reality TV star does not appear to be wearing her engagement ring, prompting fears it was stolen in the raid

Откако Ким даде изјава во полицијата, замина во Њујорк. На аеродромот ја пречека сопругот Канје Вест. По крадците уште се трага.

„Хрватска вечер“ на фестивалот „Поетски синтези - 2024“ во Битола

о рамки на 13. Меѓународен фестивал „Поетски синтези - 2024“ што беше отворен синоќа во Битола, денеска ќе се одржи „Хрватска вечер“. Промовирани ќе бидат книгите на Дарија Жилиќ, Диана Буразер, Валерио Орлиќ и Срџан Духовиќ, сите од Хрватска.

Фестивалот почна со доделување на наградата „Поетска муза“ за најдобра интерпретација и композиција на песна која ја доби хрватскиот поет Валерио Орлиќ, а ЗГ „Нова“ ја додели наградата „Поетски хоризонти“ на хрватската поетеса Диана Буразер за најзината книга „Рајски јаболка“ како најдобра книга објавена меѓу две лета во издание на Здружението „Нова“ од Битола.

„Поетски синтези - 2024“ се одржува во Домот на културата. Го отвори претседателката на Здружението за наука и култура „Нова“ Мирјана Стојановска. Со своја поезија се претставија 15 поети од Хрватска, Италија, Црна Гора, како поети од Битола, Скопје, Гостивар и Ресен. Во музичкот дел се претставија дуото Александар Талевски на гитара и Билјана Талевска-вокал со арија од Џузепе Џордани.

Фестивалот се организира под покровителство на Министерството за култура и општина Битола. /МИА

Бесплатен влез за Кокино и Меморијалниот центар АСНОМ по повод Меѓународниот ден на музеите

Бесплатен влез на локалитетите Кокино и меморијален центар АСНОМ и повеќе активности за најмладите, организира НУ Музеј Куманово по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите.

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги посетат локалитетите.

- Годинашново мото за Меѓународниот ден на музеите е „Музеите за едукација и истражување“ и не се однесува само за најмладата публика, туку за сите, вклучително и возрасните кои во секојдневната динамика се чини дека се помалку имаат време да го перципираат и истражат културното наследство околу себе. Затоа ги повикувам сите љубители на културата денеска да ги посетат Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце и архео-астролошкиот локалитет Кокино, изјави директорката на установата, Марија Миљуш Божурска.

НУ Музеј Куманово, претходните денови во знак на меѓународниот ден организираше неколку активности со акцент на едукација за најмладите. Вчера, беше организирана промоција на македонско-англиска едукативна читанка за деца насловена „Асномска музејска читанка“, која ја обработува темата за првото заседание на АСНОМ и процесите на формирање на модерната држава. Децата учествуваа на етнолошка работилница во лапидариумот на музејот, цртаа и од глина изработуваа етнолошки предмети мотивирани од она што може да се види на постојаната етнолошка поставка. Во просториите на постојаната музејска поставка беше одржана работилница под наслов „Археолог на еден ден“ која имаше за цел да ги едуцира најмалите што е археологија, какво е нејзиното значење и кои се убавините на оваа професија, а кој е финансиран и поддржан од Министерството за култура.

18 Мај е Меѓународен ден на музеите којшто се одбележува уште од далечната 1977 година. Вообичаено низ годините музеите ширум светот на овој ден организираат различни активности преку којшто го афирмираат овој ден и го слават културното наследство. Годинава мотото под кое се одбележува 18-ти мај е „Музеи за едукација и истражување“ и активностите се поддржани од Министерството за култура./МИА

ИДФ: Во нападот врз Џенин елиминиран „влијателен екстремист“

 Израелските безбедносни сили (ИДФ) денеска соопштија дека вчера извршиле напад врз палестински „оперативен центар“ во Џенин, Западен Брег и ликвидирале „влијателен и баран екстремист“.

Во соопштението на ИДФ се наведува дека е елиминиран екстремистот Ислам Хамајс, одговорен за повеќе напади во Западен Брег.

Бригадата Ал Кудс, военото крило на Исламски џихад, го потврди убиството на Хамајс.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во воздушниот напад повредени се осум лица, ко се хоспитализирани во две болници во Западен Брег. /МИА

притисни ентер