Калеска –Ванчева: Извештајот на ЕК е признание за напредокот

Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ.

Извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.

Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав.

На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава.

Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес , особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Македонија и ЕУ која треба да се одржи до крајот на годинава.

Извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата. Во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство.

Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности, изборите, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.

Ова, почитувани, е признание дека државата е на вистинскиот пат, но и мотив плус да продолжи процесот на имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми.

СДСМ како државотворна и одговорна партија останува посветена на процесот на целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Како парламентарно мнозинство продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме на реформите кои се важни за граѓаните, важни за нашата европска иднина.

Снежана Калеска –Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти ширум светот.

„Многу конфликти во Азија, Америка, Северна Африка и Блискиот Исток произлегуваат од споровите околу изворите на вода. Поради негативните ефекти од климатските промени, изворите на вода и резервоарите стануваат подрачја на конфликти“, рече Ердоган на собирот посветен на земјоделството организиран од турската државна банка Зират во Истанбул.

За договорот за црноморското жито од 2022 година, со посредство на Турција и ОН меѓу Русија и Украина, Ердоган оцени дека, да не беше договорот во кој посредуваше Турција, „многу подрачја ќе се соочија со глад, особено африканските земји. .

Тој нагласи дека Турција, сред пандемијата „Ковид-19“ и војната во Украина, „го спречи влошувањето на ситуацијата обезбедувајќи минување на 33 милиони тони жито“ низ нејзиниот теснец./МИА

Десетици загинати и ранети во нападот на израелските сили врз Џабалија и Рафа

Израелски војници и тенкови денеска влегоа во северните делови на Појасот Газа кои ги заобиколуваа повеќе од седум месеци, убивајќи и ранувајќи десетици Палестинци, соопштија медицински претставници и жители.

Израелските сили, исто така, зазедоа дел од теренот во Рафа, јужен град во близина на египетската граница, кој е преполн со раселени луѓе.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили продолжиле да дејствуваат во областите низ Појасот Газа, вклучително и Џабалија и Рафа, спроведувајќи, како што ИДФ ги нарече, „прецизни операции против терористите и инфраструктурата“.

„ИАФ (Воздухопловните сили) продолжуваат да дејствуваат во Појасот Газа и нападнаа над 70 терористички цели во текот на изминатиот ден, вклучително складишта за оружје, локации во воената инфраструктура, терористи кои претставуваа закана за војниците на ИДФ и воените комплекси“, се наведува во соопштението на израелската армија./МИА

Стара експлозивна направа пронајдена во двор во делчевското село Вирче

Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор. 

-Во Пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, се вели во информацијата од делчевската полиција.

Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.

притисни ентер