Камчев: Чист сум и тоа ќе го докажам - „Империја“ е креирана за „Рекет“

Чист сум и тоа ќе го докажам. Во мојот случај нема инволвирано политичари. Случајот,,Империја“ е креиран за да се одземат од мене големи пари односно ,Империја“ е креирана заради,,Рекет“ изјави по првото сведочење бизнисменот Орце Камчев.

Орце Камчев прв пат разбрал дека за него е отворена предистражна постапка од СЈО и дека врз него биле воспоставени ПИ-мерки во август 2018-та од адвокатот Васил Димишков, брат на истражната судијка Весна Димишкова, која му го одреди притворот. Бизнисменот сведчеше дека на средба во “Систина”, адвокатот му понудил соработка за која побарал 100.000 евра, а потоа за поблаги мерки му дал и други понуди, кои Камчев рече дека ги одбил.

Во своето сведочење во Кривичниот суд ја посочи и обвинителката Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот “Империја”, за кој тврди дека е конструиран за да се врши рекет.

Првиот контакт со Боки 13, Камчев го имал во еден ресторан, кога му била побарана реклама за 1ТВ.. Потоа следувале и други понуди за изградба на трговски центри за мода и старечки домови, кои ги одбил, но по сугестија од колегите во Систина решил да се реклмамира за да не биде на удар со негатива кампања на телевијата.

тонско сите што се реклмаираа се рекетрирани...

Камчев ги повтори наводите од обвинението дека првите 500.000 евра ги дала неговата сопруга Ана, додека бил во притвор лани есента, по повеќе средби во фамозниот стан во Капиштец на кои вила повикана од Милески..

Бизнисменот рече дека откако го сфатил сценариото решил по излегување од Шутка да го исплати е милионот евра на Јовановски кои ги спакувал во Луј Витон торба, а целата постапка ја снимал со домашните безбедносни камери и мобилниот телефон, по совет на негови пријатели од Бугарија.

На средбите со Јовановски честопати била вклучувана на интерфон и Јанева, а во една прилика додека бил на распит во СЈО екс обвинителакта му рекла – тоа што го дововараш со Боки да го завршиш. Сепак, како што кажа и на денешното сведочење, тој не може да ја обвини Јанева дека му нудела спогодба ниту, пак, својство на заштитен сведок.

Камчев дополни дека БОКИ 13 злоупотребувал 95% од актуелните политичари, покажувајќи фотографии со нив, а тие не биле поврзани со неговата криминална шема. За рекетот рече прв ги известил тогашниот директор на УБК Горан Николовски и премиерот Зоран Заев кој, како што рече бил запрепастен од слушнатото и по два дена му се јавил со упатство случајот да го пријави кај обвинителката Русковска.

Боки 13 преку прашања го наведе Камчев да открие дека на една од средбите на кои му било понуден проект присуствувал и министерот за здравство Венко Филипче.

Иако беше предвидено денеска да сведочи сопругата на бизнисменот Ана Камнчева, таа не се појави поради покачена температура. Камчева треба да биде повикана на следното рочиште закажано за 10ти декември.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер