Канадска новинарка открива се за тортурата во Сомалија - 15 месеци силувана и мачена

Аманда Линдхаут во август 2008 тргнала во авантура која се претворила во најстрашна ноќна мора.

Таа отпатувала во Сомалија за да известува за конфликтите, заедно со фото репортерот Најџел Бренан. Само три дена откако пристигнале биле киднапирани од вооружени милитанти кои барале откуп за нив во милиони долари. Четири години по ужасната тортура која траела цели 15 месеци, Линдхаут ја напиша книгата „A House in the Sky“ ( Куќа на небото) во која зборува за своето горчливо искуство во Сомалија каде секојдневно била на работ од смртта.

Киднаперите на Аманда всушност биле маскирани и вооружени тинејџери кои секојдневно ја силувале и се изживувале со неа.

- Знаев дека тоа е опасно место каде никој не сака да оди, но кога решив да одам се радував што нема да имам конкуренција. Сакав д аостанам неколку дена да известувам за катастрофата во Сомалија, да направам приказни кои нешто значат - пишува Аманда во својата книга, пренесе Sydney Morning Herald.

Аманда и Најџел ја прифатиле исламската вера, надевајќи се дека и за нив ќе важат правилата дека припадниците на Исламот не земаат пари од човек со иста вера ниту ќе се осмелат да силуваат жена која го прифатила Исламот. Но, тоа не ги спасило. За секој од нив киднаперите барале по 3 милиони долари. Во една прилика со Аманда играле руски рулет со вперена пушка во главата. Таа била и болна и преплашена, секој ден поднесувајќи ужасни тортури, не знаејчи дали ќе го преживее денот.

Откупот бил исплатен во ноември 2009 кога двајцата се пуштени на слобода. Аманда во својата книга не зборува за шпекулациите дека во Сомалија родила син. Книгата „A House in the Sky“ од печат излегува денеска.


Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер