Канал 5 ТВ започнува кампања со која сака да ги охрабри сите пронаоѓачи, професори, академици, креативни граѓани со една цел – како да се креира ВЕШТАЧКИ ВЕТЕР или ДРУГО БРЗО и ЕФИКАСНО РЕШЕНИЕ ПРОТИВ ЗАГАДЕНОСТА
Очигледно дека единствено брзо решение во Скопје и другите „смртоносни’ градови во нашата земја е само ветерот, кој за жал, барем во Скопје го нема од познати причини, тогаш не ни останува ништо друго.
Затоа со заеднички сили , со умните мозоци на нашата земја, да креираме решенија кои ќе ни помогнат да не умреме млади
Сметаме дека ВЕТЕРОТ е едно од решенијата, но доколку имате и ДРУГИ РЕШЕНИЈА кои ќе резултираат со драстично намалување на оваа опасност за сите граѓани на Македонија, јавете се во Канал 5 ТВ или пишете на нашата емаил адреса:[email protected].
Ги бараме сите оние кои имаат реална идеја, во било која фаза ( идеја, нацрт, прототип или сл. ) да ни пишат на [email protected] или на нашиот телефон 3091.551, а ние ќе отстапиме и време и простор во нашите информативни програми, и доколку идеите се реални, ќе бараме средства за нивна итна реализација.
Особено мислиме и сметаме на соработката со „Националната асоцијација на пронаоѓачите на Македонија“, „Друштвото на Пронаоѓачи и Автори на Технички Унапредувања “ПРОНАОЃАЧ МИХАЈЛО ПУПИН – Скопје“, „Народна Техника“ и др.
Ако сами не си помогнеме, никој друг нема да ни помогне!
https://www.pinterest.com/pin/164592561360902648/?lp=true