Канцелариите на УЈП утре отворени за граѓаните

Управата за јавни приходи информира дека утре сите даночни канцеларии (регионални дирекции, даночни одделенија и даночни шалтери)  ќе бидат отворени за граѓаните за да можат да се регистрираат во Системот на Е-ПДД.

Работното време на даночните канцеларии ќе биде од 8,30 до 14 часот.

Покрај овие мерки Управата за јавни приходи презема и други мерки со цел да им се олесни регистрацијата на граѓаните.

Бајрами: Курти да поднесе оставка, нема да му правиме услуга со распуштање на Собранието

Таа вели дека нејзината партија е подготвена за вонредни избори и е уверена дека на нив и ќе победи.

Потпретседателката и пратеничка на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Хикмете Бајрами упати остри критики на сметка на косовската Влада, предводена од Албин Курти, обвинувајќи ја за лошо владеење во економијата и други сектори, поради што вели дека премиерот треба да поднесе оставка, јави дописникот на МИА од Приштина.

Набројувајќи ги, според неа, неуспесите на актуелната Влада, Бајрами во денешното интервју за агенцијата КосоваПрес бара оставка од Курти, порачувајќи дека ЛДК нема да му прави услуга со тоа што ќе се согласи за распуштање на Собранието пред одржувањето предвремени избори.

Таа вели дека нејзината партија е подготвена за вонредни избори и е уверена дека на нив и ќе победи.

- Ние сме апсолутно подготвени за нови избори, верувам дека ниту една политичка партија не е поподготвена од ЛДК … Меѓутоа, она што го бараме е господинот Курти да се предаде и да каже дека потфрлил на секое поле и дека затоа одиме на избори. Не сакаме тој всушност да оди на избори затоа што тоа го бара опозицијата, туку изборите се резултат на тоа што господинот Курти веќе го направил. Ние сме многу убедени дека ќе победиме и ќе бидеме прва партија, вели Бајрами.

Поранешната министерка за финансии, а пред тоа и за трговија и индустрија, напомнува дека за време на владата на Курти „економијата е деградирана“, а меѓу неуспесите на Курти и на партијата на власт, Движење самоопределување (ВВ), ги набројува и растот на инфлацијата, масовното бегање на граѓаните од земјата, санкциите од Европската унија и други.

- Списокот на неуспеси е многу долг, владата на Курти и господинот Курти со неговата мнозинска влада не успеа да исполни ниту едно од ветувањата врз основа на кои дојде на власт. Имавме галопирачка инфлација, а немавме индексирање на платите и пензиите. Не зборувам за нивно зголемување, туку барем за индексирање согласно стапката на инфлација, изјави Бајрами.

Според неа, капиталните инвестиции се најниски досега во последните 10 години, а освен тоа, за време на владеењето на Курти нема директни странски инвестиции во Косово.

- Сите инвестиции се во недвижен имот и ништо друго. Имаме масовно иселување на граѓани, не се изградени детски градинки, ниту еден од главните патишта кои ги затекнаа на половина, домови за стари лица … не се изградени, а не сме виделе ниту инфраструктурен проект кој би бил некакво обележје, некакво наследство на оваа власт, вели Бајрами.

Најголема загуба за економијата на Косово е заминувањето од земјата на работничката класа, вели Бајрами, која ги споменува и казнените мерки од страна на Европската Унија.

- Повеќе од една година сме под казнени мерки на Европската Унија. Има над 300 милиони евра проекти финансирани со ИПА фондови, со средства од СБ-ЕДИФ, со билатерални донаторски фондови, кои не се реализираат. Тоа се главно проекти за животната средина, во врска со водата за пиење, со рециклирањето на отпадните води, со рециклирањето на отпадот … Најголемата загуба за економијата на државата е бегањето на граѓаните, заминувањето на работничката класа, изјави Бајрами во интервјуто за КосоваПрес./МИА

Во живо

последно ажурирање пред 22 минути

Инцидент при слетувањето на хеликоптерот со кој патуваше претседателот на Иран, Раиси

По веста објавена од Иранската државна телевизија дека хеликоптерот, со кој патувал претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, имал „тврдо слетување“ на терен се упатени 16 спасувачки тимови и беспилотни летала.

пред 22 минути19:42

САД и ЕУ внимателно ги следат информациите за Раиси

По веста дека хеликоптерот со кој се превезувале претседателот на Иран, Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан, принудно слетал во планинската област во провинцијата Источен Азербејџан, американскиот Стејт департмент соопшти дека внимателно ги следи информациите.

- Во овој момент немаме друг коментар, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека за тоа е информиран и претседателот на САД, Џо Бајден.

И Европска Унија соопшти дека внимателно ги следи информациите за Раиси.

- Нашето срце е со иранската нација како пријател и брат. Го молиме Бога за милост и грижа за претседателот, министерот за надворешни работи и нивните придружници, изјави портпаролот на Хамас, Изат ал Ришек.

Иранската државна телевизија повтори дека сè уште нема информации за судбината на патниците во урнатиот хеликоптер и оти не може да потврди дали има загинати или повредени лица.

Додека ИРНА јави дека сè уште не е локализирано точното место на инцидентот со хеликоптерот.

Во меѓувреме иранскиот духовен лидер, ајатолахот Али Хамнеи одржа итен состанок на Советот за безбедност на Иран.

Началникот на Генералштабот на иранската армија нареди користење на сите воени ресурси за помош во операциите за пребарување и спасување.

Сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја, јави Иранската државна телевизија. /МИА

пред 29 минути19:35

Ирак и Азербејџан му понудија помош на Иран

Ирак му понуди помош на Иран во пребарувањето на хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан.

Владата на Ирак им даде инструкции на Министерството за внатрешни работи, Црвената полумесечина и другите релевантни органи да помогнат во потрагата во иранската провинција Источен Азербејџан.

И претседателот на Азербејџан Илхам Алиев му понуди помош на Иран во пребарување на теренот.

Алиев истакна дека се моли за Раиси и оти е длабоко шокиран од веста за хеликоптерската несреќа, по нивната денешна средба.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија дека исчезнале тројца спасувачи кои трагаа по урнатиот хеликоптер.

Додека Иранската државна телевизија јави дека сè уште не е лоциран хеликоптерот, а во областа паѓа ноќ. Воздушната потрага е прекината поради лошите временски услови, а сите спасувачки операции во моментов се изведуваат од земја.

пред еден час18:27

ИРНА: Сè уште се трага по хеликоптерот

Државната Иранска новинска агенција (ИРНА) објави дека во тек е опсежна операција за пребарување и спасување откако хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше принуден да изврши „тврдо слетување“ во планинскиот регион во северозападниот дел на Иран.

Инцидентот се случи денеска во шумата Дизмар помеѓу градовите Варзакан и Џолфа во иранската провинција Источен Азербејџан. Раиси се враќаше од Азербејџан, каде присуствуваше на отворање на брана со азербејџанскиот Илхам Алиев.

Неименуван ирански претставник за западните медиуми изјави дека хеликоптерот со кој се превезуваа иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдулахиан се урна додека летал над планинска област во иранската провинција Источен Азербејџан, изјави.

Тој истакна дека „животите на Раиси и Амирабдолахиан „се загрозени по хеликоптерската несреќа“.

- Сè уште се надеваме, но информациите кои ни доаѓаат од местото на несреќата се многу загрижувачки, наведе неименуваниот ирански претставник.

Како што јави ИРНА, повеќе од дваесет целосно опремени тимови за пребарување и спасување, вклучително беспилотни летала и кучиња трагачи, се испратени во областа. Иранските вооружени сили распоредија командоси и специјални сили за да помогнат во операцијата за пребарување.

Поради нерамниот терен на регионот и тешките временски услови, особено густата магла во областа, операцијата за пребарување и спасување би можела да потрае некое време.

Портпаролот на Иранската служба за итни случаи изјави дека осум амбулантни возила се испратени во регионот.

пред 22 минути17:20

Иранска новинска агенција (ИРНА) на англиски јазик објави дека се случила несреќа односно хеликоптерот се урнал. Иранската државна телевизија, како и ИРНА не јавија дали Раиси или други лица се повредени.

Претходно иранската новинската агенција Мехр објави дека операцијата за пребарување и спасување ќе потрае извесно време поради непроодноста на теренот, планинските и шумските услови, како и неповолните временски услови, особено густата магла.

Дел од иранските медиуми објавија дека некои од придружниците на претседателот во хеликоптерот успеале да стапат во контакт со централните власти, истакнувајќи оти тоа надеж дека нема жртви во инцидентот.

Конвојот на претседателот се состоеше од три хеликоптери. Во другите две летала се превезувале други ирански функционери, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амирабдолахиан и гувернерот на иранската провинција Источен Азербејџан.

Раиси патувал во Источен Азербејџан, а инцидентот се случи во близина на градот Џолф, во близина на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од главниот град на Иран, Техеран.

Раиси на претседателската функција стапи во август 2021 година.

На социјалните мрежи се појави и видео од насобрани луѓе кои се молат за здравјето на Раиси.

Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. 

Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 26 степени.

До среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

притисни ентер