Каратистот Павлов освои бронза во Баку

Македонскиот каратист Емил Павлов го освои првиот медал за Македонија на Првите Европски Олимписки игри кои се одржуваат во Баку, Азербејџан. Павлов во борбата за бронзениот медал во катергоријата до 60 килограми го победи Марко Антиќ од Србија на поени со 2:0.

Претходно во полуфиналето Павлов загуби од домашниот претставник Фидорси Фрзалиев со 8:0. Во борбите во групата нашиот каратист имаше две нерешени борби со Евгениј Плахутин од Русија и со Марко Антиќ од Србија, додека имаше победа над Софијан Агужил од Франција.

Во финалето Фрзалиев го победи Лука Мареска од Италија.

Утре во категоријата +84 килограми настап ќе има и Мартон Несторовски. /МИА

Лукашенко го разреши началникот на Генералштабот на вооружените сили на Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска го потпиша указот за разрешување на началникот на Генералштабот на вооружените сили, Виктор Гулевич.

-Генерал-мајор, Виктор Гулевич е разрешен од должноста началник на Генералштабот на вооружените сили, прв заменик министер за одбрана. Соодветната уредба е потпишана од претседателот, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека Гулевич е разрешен од воената служба поради возраста, но дека го задржува правото да носи воена униформа.

Лукашенко вчера го критикуваше воено-индустрискиот комплекс (МИЦ) за, како што рече, лоши резултати. /МИА

Силјановска: Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со ЕУ

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.

„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион„ се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст

Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог

Србија и Косово треба конструктивно да се вклучат во нормализирање на односите за да добијат право на финансирање од Планот за раст за Западен Балкан усвоен од Европската унија, соопшти прес-службата на Европската комисија, пренесе Бета.

„Нормализацијата на односите е суштински услов на европскиот пат за двете страни. И Србија и Косово ризикуваат да изгубат важна можност поради недостаток на напредок“, рече еден од портпаролите на Европската комисија за РСЕ.

Во писмената реакција од прес-службата на Европската комисија, се наведува дека конструктивниот ангажман во нормализацијата на односите подразбира целосно спроведување на сите обврски што произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс за спроведување и од сите претходни договори од бриселскиот дијалог, како и почеток на преговорите за Сеопфатниот договор за нормализација на односите.

ЕК наведува дека Планот за раст за Западен Балкан претставува „сеопфатна понуда на ЕУ за подобрување на социо-економската ситуација“ на шесторкста од тој регион.

За Србија и Косово, исто така, постои предуслов - „конструктивен ангажман за нормализација на односите со цел целосно спроведување на сите обврски“ кои произлегуваат од Договорот за патот кон нормализација и неговиот анекс од Охрид, како и од сите досегашни постигнати договори./МИА

притисни ентер