Кина утре во вселената испраќа досега најмлад екипаж

Кина утре ќе го испрати својот најмлад екипаж астронаути во вселената на својата вселенска станица Тиангонг, во обид да го прошири своето знаење за вселенските летови.

Астронаутското трио на вселенската мисија Шенжу-17 треба да полета утре во 11:14 часот по локално време (03:14 часот по средноевропско време) од центарот за лансирање Џиукуан во пустината Гоби на северозапад од земјата.

Екипажот го сочинуваат командантот Танг Хонгбо, роден во октомври 1975 година (40), Танг Шенџие (33) и Џијанг Ксинлин (35). Просечната возраст на екипажот е 38 години, во споредба со 42 години, колку што беше просечната возраст на екипажот на претходната мисија Шенжу-16.

„Ова е екипажот на астронаути со најмлада просечна возраст до сега откако Кина започна со вселенски мисии со екипаж“, се вели во соопштението на кинеската влада. Азискиот гигант со децении инвестира милијарди евра во својата вселенска програма предводена од војската, благодарение на што успеа во голема мера да ги достигне Американците и Русите.

Имено, Кина го испрати својот прв човек во вселената дури во 2003 година, многу подоцна од Советите и Американците, кои тоа го постигнаа во 1961 година.

По големина, нивната всленска станица е слична на поранешната руско-советска станица Мир, но е многу помала од Меѓународната вселенска станица (МВС). Станицата, позната и по кратенката CSS (Кинеска вселенска станица на англиски), мора да остане во орбитата на Земјата најмалку 10 години, а ќе лета на помала височина од 400 до 450 километри.

Кинеските астронаути гарантираат ротации на екипажот и долгорочно човечко присуство во вселената и се одговорни за одржување на вселенската станица и за истражувачката работа, како и за постепено проширување на нејзините можности. Во мај, Кина го испрати својот прв цивилен астронаут Гуи Хаичао, експерт за вселенска наука и инженерство, во вселената како дел од претходната мисија.

Интересно е што Хаичао не е припадник на вооружените сили, како што беше норма порано, туку професор на Универзитетот за авијација и астронаутика во Пекинг. Досега сите кинески астронаути кои полетаа во вселената беа членови на Народноослободителната армија.

Кина беше делумно охрабрена да изгради сопствена вселенска станица поради фактот што САД одбија да ѝ дозволат на таа земја да учествува во работата на ISS. Кина беше исклучена од ISS во 2011 година, кога Вашингтон ѝ забрани на НАСА да соработува со Пекинг.

Американскиот закон забранува речиси секаков облик на соработка меѓу американските и кинеските вселенски власти. Но, азискиот гигант стави до знаење дека сака да постигне меѓународна соработка кога е во прашање Тиангонг, особено во однос на експериментите.

Ерусалим: Илјадници демонстранти протестираат против Владата на Нетанјаху пред Кнесетот (ВИДЕО)

Додека членовите на израелскиот парламент повторно се состануваат по пауза од шест недели, попладнево пред зградата на Кнесетот во Ерусалим се собраа илјадници антивладини демонстранти од цел Израел.

Полицијата постави два реда барикади кои ги делат демонстрантите од Кнесетот, а присутните извикуваа слогани против премиерот Бенјамин Нетанјаху и неговата влада, пишува Тајмс оф Израел.

„Биби (прекарот на Нетанјаху) е опасност за постоењето на Израел“, извикуваа демонстрантите. Истакнатиот антивладин активист Шикма Бреслер рече дека целта на протестот, спроведен на легален и ненасилен начин, е „да им се врати на граѓаните на Израел можноста да влијаат на насоката во која се движи нивната земја“.

Демонстрантите пристигнаа во Ерусалим од целата земја, а многумина учествуваа во огромен, бавно движечки конвој на автомобили што се упати кон главниот град претходно денеска.


Израелците им порачаа на САД: Имаме намера да ја прошириме офанзивата во Рафа

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафа, му изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди од поголема акција во градот на југот на Појасот Газа.

Израел има намера да ја прошири воената операција во Рафа, му изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди од поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви.

Израел го опишува Рафа, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чие лидерство и борбен капацитет се обиде да го оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.

По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон околу планирањето на нападот на Рафа, Израел им нареди на палестинските цивили да се евакуираат од делови од градот на 6 мај, а израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафа за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафа откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивна безбедност.

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека проценува дека од 6 мај Рафа го напуштиле 810.000 луѓе, што е потенцијално повеќе од половина од неговото предвоено население.

Во соопштението од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките што Израел ги спроведе за евакуација на населението од областа Рафа и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.

Закажани се вонредни избори во Иран по загинувањето на претседателот Раиси

По смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, на 28 јуни ќе се одржат вонредни избори за претседател на Иран, објави денеска Мохсен Еслами, претседателот на иранскиот избирачки штаб.

„Четиринаесеттите претседателски избори во Иран ќе се одржат на 28 јуни“, рече Еслами, а пренесе агенцијата Иран Мехр.

Тој додаде дека од Советот на чувари било побарано да започне регистрацијата на претседателските кандидати пред 28 мај.

До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател на Иран, Мохамад Мохбер.

Советот на чувари, надпарламентарно тело составено од членови на свештенството, е задолжен за одобрување на кандидати за извршни функции во владата на земјата, вклучувајќи ја и функцијата претседател на Иран, пишува ТАСС.

Прошталната церемонија за Раиси ќе биде организирана утре во градот Табриз, а неговото тело потоа ќе биде однесено во Ком, Техеран и Бирџанд, пред да биде погребано во неговиот роден град Машхад на 23 мај.

притисни ентер