Кинески научници: Под површината на Марс пронајдовме геометриски форми (ВИДЕО)

Кинескиот ровер Zhurong има радарски систем кој може да навлезе под површината на Марс и подобро да погледне во неговата скриена подземна област.

Научниците објавија нови резултати од скенирањето на местото каде што слета Журонг и рекоа дека на длабочина од околу 35 метри забележале неправилни полигонални форми.

Објектите се со големина од неколку сантиметри до десетици метри. Експертите веруваат дека закопаните геометриски објекти се всушност формации создадени за време на циклусот на замрзнување и одмрзнување на Марс пред неколку милијарди години, но дека би можеле да бидат и од вулканско потекло, создадени по ладењето на тековите на лава.

Роверот Zhurong слета на Марс на 15 мај 2021 година, со што Кина стана втората земја во историјата која успешно слетала ровер на Црвената планета. Zhurong, именуван по кинескиот бог на огнот, по слетувањето ја истражи околината, ја проучуваше топографијата на Марс, направи мерења со својот радар и дури испрати селфи на кое „позира“ со својот лендер.

Требаше да биде функционален три месеци, но успешно работеше нешто повеќе од една година, а потоа влезе во планирана хибернација. Ништо не се слушна за него од мај 2022 година до сега, кога беа објавени новите резултати од скенирањето, пишува Universe Today.

Utopia Planitia е голема рамнина во рамките на Utopia, најголемиот познат слив на удар на Марс и во Сончевиот систем. Се проценува дека има дијаметар од 3300 km. Кинескиот ровер за време на својата мисија патувал 1.921 метар.

Кинеските научници известуваат дека радарот на роверот открил шеснаесет полигонални формации на растојание од околу 1,2 километри, што покажува дека овој тип на подземен терен може да биде широко распространет под Utopia Planitia.

Пронајдените геометриски форми веројатно биле формирани пред 3,7 до 2,9 милијарди години за време на доцната хеспериска и раната амазонска епоха на Марс, при што теренот последователно бил покриен со подоцнежни геолошки процеси. Иако на површината на Марс веќе се забележани полигонални геолошки формации, ова е прв показател дека тие се наоѓаат и во подземјето на Црвената планета.

Претходното истражување на радарските податоци на Журонг покажале дека повеќекратните поплави во иста временска рамка создале неколку слоеви под површината на Utopia Planitia. Затоа, научниците веруваат дека големите климатски промени на Марс се одговорни за овие необични форми.

„Контрастот на карактеристиките над и под длабочина од околу 35 метри укажува на значајна трансформација на водената активност или термалните услови за време на древното марсовско доба, што имплицира дека поголеми климатски промени се случиле на ниски до средни географски широчини“, објаснуваат научниците.

Истражувањето наречено Buried palaeo-polygonal terrain detected underneath Utopia Planitia on Mars by the Zhurong radar е објавено во списанието Nature.

Гвардиола не планира наскоро да го напушти Манчестер сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола зборуваше за својата иднина во тимот.

- Имам договор и сакам да бидам тука. Мојот план е да останам во Манчестер следната сезона, изјави Гвардиола за „Мирор“.

Шпанскиот фудбалски стручњак го презеде Манчестер сити во 2016 година. Под негово водство тимот пет пати го освојуваше англискиот шампионат и еднаш Лигата на шампионите.

По 37 кола, во Премиер лигата води Манчестер сити со 88 бодови. Заостанувањето на второпласираниот Арсенал е два бода. Ливерпул (79) ги загуби шансите за евентуална шампионска титула. /МИА

„Билд“: Германското Министерство за одбрана бара од Владата уште 3,8 милијарди евра за Украина

Германското Министерство за одбрана побара од сојузната влада дополнителни 3,8 милијарди евра помош за Украина за оваа фискална година, пишува „Билд“.

Весникот наведува дека оваа година Германија обезбедила воена помош од 7,1 милијарди евра за Украина и дека овие пари се користат за плаќање на воена опрема што Украина ја купува директно од наменската индустрија и укажува дека на Украина и треба итно поголема поддршка за да не изгуби војната со Русија, поради што Министерството за одбрана побара дополнителни средства.

Министерот за одбрана Борис Писториус разговараше за тоа со канцеларот Олаф Шолц, а потоа се сретна со Кристијан Линднер, шеф на одделот за буџет во германското Министерство за финансии.

Дополнителните расходи треба во јуни да бидат поднесени до Бундестагот на усвојување, според „Билд“. /МИА

Тешка сообраќајка на „Водњанска“, повредени седум лица

Седум лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која синоќа се случи на улица „Водњанска“, пред влезот на Клиничкиот центар.

-Сообраќајната несреќа се случила помеѓу автомобил „БМВ“, автомобил „Ауди“, и две паркирани патнички возила „Голф“ и „Мерцедес“, сите со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР..

Во незгодата со телесни повреди се здобиле седум лица констатирани во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, но причините се уште не се познати.

притисни ентер