Кинеските астронаути ја напуштија вселенската станица за да ги поправат соларните панели(ВИДЕО)

Астронаутите на кинеската мисија Шенжу-17 ги поправија оштетените соларни панели на вселенската станица Тиангонг, чие име, преведено од кинески, е Небесна палата.

Ова е прва ваква активност на кинески астронаути надвор од вселенската станица, пишува South China Morning Post.

7,5-часовната мисија ја изврши тричлен тим, користејќи помош на роботска рака на Тјангонг и експертиза на инженери на теренот, соопшти Кинеската вселенска агенција за екипаж (CMSA).

Двајца членови на екипажот излегоа од модулот Тјанхе за да пристапат до надворешните делови на соларните панели, соопшти агенцијата. Командантот на мисијата Танг Хонгбо се прикачи на роботската рака за да стигне до оштетените делови на панелот, а Танг Генџи беше резерва.

Третиот член на екипажот, Џианг Шилин, остана во модулот за да ги следи движењата на роботската рака.

- Оваа мисија надвор од модулот е исклучително важна и беше многу предизвикувачка. Ова е вистински бизнис – изјави Танг.

Лин Шиџијанг, заменик-директор на CMSA, уште во октомври, пред лансирањето на екипажот во орбитата, рече дека панелите претрпеле мала штета од ударот и дека таиконаутите на мисијата Шенжу-17 (кинески термин за астронаути) ќе го поправат.

Тиангонг е кинеската вселенска станица на ниска орбита. Се состои од три модули - основниот модул Тјанхе беше лансиран во 2021 година, а експерименталните модули Вентијан и Менгтијан беа лансирани во 2022 година. Планот е станицата да биде во функција 10 години.

„Веселинови“ со Оле и Баркли до солзи ја насмеаја публиката во Штип (ФОТО)

Вечерва во Домот на културата во Штип сеодржа премиера на комедијата „Веселинови“ , авторско дело на Олгица Поцкова и Игор Стојанов Баркли.

Оле и Игор, инаку познати на пошироката јавност од емисијата „Зевзекманија“ на Канал 5 Телевизија, вечерва ја насмеаја до солзи публиката во Штип.

Честитки до колегите за претставата и за сите насмеани лица во Штип! Ги очекуваме и на други сцени низ Македонија!

По вечерашната премиера, следната претстава на „Веселинови“ ќе се одржи во петок во 20 часот , на истото место- Домот на културата во Штип.

Ужас во Германија: 2- годишно девојче го изгореле на капање, родителите не повикале помош

Бабата на девојчето Софи (2), кое во понеделникот било пронајдено мртво во нејзиниот стан, за германските медиуми раскажа како се случила трагедијата.

Кристин (63) живее во станот над оној во кој живеела Софи со родителите и братот и сестрата, објави Билд.

"Тој ден изгледаше нормално. Ја хранеше својата кукла, си играше со неа, а потоа наеднаш стана многу бледа. Престана да се движи", ја започнува својата исповед бабата Кристин.

Таа веднаш повикала брза помош, но кога лекарите пристигнале во станот, не успеале да ја спасат Софи.

Иако резултатите од обдукцијата не се целосни, во овој момент се верува дека девојчето починало од изгорениците кои ги добила додека ја капеле во петокот.

"Сакав да ја истуширам. Додека ја бањав, таа рече дека водата е многу ладна. Кога ја зголемив топлината, топла вода се истури по нејзиниот грб. Јас сум виновен", рекол нејзиниот татко Андре.

Нејзината мајка вели дека девојчето не плачело по туширањето.

"Како може дете да издржи толку болка, не ни врескаше. Тие изгореници не изгледаа страшно, повеќе личеа на изгореници од сонце", вели нејзината мајка Надин.

Родителите одбиле да се јават на 911 бидејќи се плашеле дека социјалните служби ќе им ги одземат децата.

Сличен инцидент се случил минатата година кога таткото ја ставил малата Софи во када. Девојчето во таа прилика скршило ребро и бутна коска.

„Поради тоа и поради моите проблеми со дрогата, шест недели ни ги одзедоа децата. Сакавме да го спречиме тоа овој пат“, рекол расплаканиот татко.

Полицијата интензивно го истражува овој случај, а грижата за нивните деца ја презеде Центарот за социјална работа.

Телото на девојчето е испратено на обдукција.

Премиер лигата од следната сезона го укинува ВАР, наскоро ќе гласаат клубовите

Претставници на клубовите од англиската Премиер лига следниот месец ќе гласаат за укинување на ВАР, пишува The Athletic.

За да се укине ВАР потребно е најмалку две третини од клубовите да гласаат за таа опција. Во случајот со Премиер лигата, тоа значи 14 од 20 клубови.

ВАР (Видео помошник судија) беше воведен во Премиер лигата во 2019 година, но беше предмет на бројни контроверзии. Во кои случаи може да се вклучи и какви одлуки се носат со негово користење се постојани прашања во англискиот фудбал. Предлогот е направен на иницијатива на Вулверхемптон. Има многу аргументи, а еден од нив е дека ВАР го промени односот на навивачите кон фудбалот поради задоцнетите прослави на голови.

Дополнително, видео проверките ја успорија играта, па често се трошеше многу време за проверка и цртање линии. Сето тоа предизвикува фрустрации кај навивачите и затоа се предлага да се укине ВАР. Исто така, ВАР не ги елиминира судиските грешки бидејќи лошите одлуки се носат и по прегледување на видеата.

притисни ентер