Ќе има ли разврска на случајот „Рекет“ следната недела?

Специјалната обвинителка Катица Јанева  на соочувањето со обвинителката Вилма Русковска во вторник треба даде одговор на многу прашања кои и по еден месец од отворањето на истрагата за “Рекет” останаа нејасни. 

Каква била нејзината релација со осомничениот Боки 13 и со бизнисменот Орце Камчев. Зошто еден од нејзините телефони бил форматиран и дали им се заканувала на обвинителите и вработените во СЈО ? Таа треба да објасни и на кој начин ги водела преговорите со Камчев да стане соработник – сведок во нова предистрага која ја водело обвинителството, како што таа претходно тврдеше преку соопштение, во кое ја објасни причината за појавувањето на нејзиниот глас во бомбите на “Ла Верита”.

Според адвокатот и поранешен обвинител Александар Наков, специјалниот јавен обвинител не може преку телефон да прибира изјави од одредени лица, односно тој е надлежен сослушувањата да ги врши во просториите на јавното обвинителство.

- “ Последните случувања внатре и надвор од СЈО и случувањата кои ги перцепира јавноста ме доведуваат до личен заклучок дека републичкиот јавен обвинител требаше под итно да реагира да бара суспендирање на специјалната јавна обвинителка и нормално во процедура предвидена во закон да се бара нејзина смена пред Собранието, секако во согласност и по предлог на Советот на Јавните обвинители, бидејќи тоа не се случи сега сме во една непријатна ситуација како за Катица така и за нас јавноста, во една дилема со кое Јавното обвинителство е ставено вон игра во предметите пред судот, јавниот обвинител фактички ги губи овластувањата да ги застапува предметите пред судот, а со тоа и нејзините заменици. “

Наков вели дека темпото на водењето на истрагата е задоцнето и случајот треба што поскоро да се реши, за да не се зголемуваат сомнежите во јавноста.

-„Народот е мудар и паметен и сфаќа дека тоа се политички калкулации, лично се плашам дека мешањето во политиката во работата на правосудните органи, земајќи го во предвид и обвинителството и СЈО, нас не води до една институционална криза, но се плашам дека таквата криза може да помине и во политичка криза, да не дојде до судир на партиите“.

Последен за оваа афера во обвинителството сведочеше обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој во изјава за медиумите рече дека меѓу другото Русковска го прашувала за поврзаноста на Рекет со истрагата за Поштенска Банка која тој ја води. Претходно сведочеа обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

Фото: Британска манекенка ужива на одмор во Дубровник

Британската манекенка Ферне МекКан веќе одлучила да замине на одмор. Деновиве таа ги покажа своите фотографии од Хрватска. Како што откри таа е на одмор во Дубровник и околината.

„Верувајте си дека ќе го изберете она што е соодветно за вас. Најубавиот ресторан на островот. Каков прекрасен, посебен ден во Хрватска“, напиша таа во описот на фотографијата на која позира во црн костим за капење.

Дејли мејл известуваше за нејзиниот летен одмор во Хрватска. „Ферне МекКан ја истакнува својата неверојатна фигура во црно бикини додека се сонча во Хрватска“, гласи насловот на нивната статија.

Ферне неодамна изјави дека ослабела многу откако ја родила ќерката Финти, а многумина ја фалат затоа што покажала реален поглед на нејзиното тело. „Сакам да гледам реални фотографии, сите имаме целулит и маани кои попрво би ги немале, но добро е да ги славиме. Благодарам Ферне за искрената објава“, гласи пофалбата на еден следбеник.

Од 2022 година, Ферне е во врска со бизнисменот Лори Хејнс, со кој ја има ќерката Финти. Тој има уште една ќерка, од претходната врска.

Бајден настапи пред дипломците на Морхаус колеџот во Џорџија

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

Претседателот на САД, Џо Бајден во денешното обраќање пред дипломците во Морхаус, високообразовна установа од Џорџија каде мнозинството студенти се афроамериканци, прати пораки од неговата предизборна кампања за зацврстување на врските со младите од етничките малцинства.

За време на церемонијата со врачувањето на дипломи некои студенти носеа црно-бели палестински шалови во знак на солидарност со Палестинците.

- Сакам сите да запаметите, кога не избраа први ни велеа дека нема да направиме ништо значајно. Но ние направивме се. Благодарејќи вам … Мошне многу ценам што ми дадовте можност за повторен настап тука, изјави претседателот во обраќањето до дипломците на Морхаус.

Тој говореше и за својот соперник на претстојните избор – поранешниот претседател Доналд Трамп.

- На овие избори многу е ставено на коцка, мошне многу. Станува збор не за мене, туку за алтернативата … Работата е во тоа што тој (Трамп) изложи што имено планира да прави (ако биде избран). И републиканците во Претставничкиот дом ќе кажат и моите колеги ќе кажат, што тие имено ќе прават ако победат, рече Бајден.

Колеџот Морхаус е основан во 1867 година како машки колеџ за школување на црномурести кои скоро биле ослободени од ропство. Еден од они кои дипломирале тука е и Мартин Лутер Кинг помладиот.

Морхаоус е голем град во Џорџија со има значајна улога во претседателската трка во 2024 година. Бајден овде во 2020 година стана првиот кандидат за претседател од Демократската партија кој доби поддршка од оваа држава по Бил Клинтон во 1992 година.

Бајден денеска попладне патува во посета на Мичиген, каде ќе учествува на настан организиран од Детроитски фонд за борба за слобода. /МИА

Алкалоид го освои трофејот во ракометниот Куп на Македонија

Ракометарите на Алкалоид се победници во Купот на Македонија, откако вечерва во финалето одиграно во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го совладаа фаворитот Еурофарм Пелистер со 25:23 по изведувањето пенали.

Ова е прв трофеј во својата куса историја за младиот тим на Алкалоид кој на завршниот турнир ги совлада најголемите две имиња во македонскиот ракомет, Вардар и Еурофарм Пелистер.

Во финалето двете екипи во повеќе наврати се менуваа во водство, највисокото беше четири голови разлика, за на крај победникот да биде решен по пенал-рулетот во кој се истакна голманот на скопскиот тим Иван Галевски.

Токму Галевски беше прогласен за најдобар голман на завршниот турнир, наградата за најдобар стрелец отиде кај Богдан Радивојевиќ, а за МВП Филип Кузмановски (двајцата од Еурофарм Пелистер).

Претходно во текот на денот, во женското финале, Ѓорче Петров го победи Чаир со 36:24. /МИА

притисни ентер