Ќе се реновираат 34 јавни здравствени установи

 Министерството за здравство почна постапка за реновирање 34 здравствени установи и набавка на опрема за нивните потреби. 

На 6-ти овој месец, како што информираат од Министерството, е објвен тендер за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Македонија.

-Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Македонија, стои во соопштението.

Со цел да се подобрат условите во кои се даваат примарните здравствен установи ќе се направи комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои што се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење, поправка и репарирање внатрешни врати и прозорци и замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.

-Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница, наведуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани економски оператори што имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки.

Променливо облачно, попладне и вечер на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 25 степени.

-До петок ќе се задржи променливо облачно време, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Од четврток дневната температура ќе биде во опаѓање, а во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Македонија гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори

Гласачките места се отвораат во точно седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. Вчера гласаа затворениците, болните и изнемоштени лица, како и 2569 лица од дијаспората но само за претседател, но не и за пратеници, поради недоволен број на пријавени..

На едно избирачко место во општина карпош е нашиот репортер Игор Манасиевски.. Игор дали навреме почна гласањето ?

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

притисни ентер