Клиниката за ендокринологија организира активности во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот

Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, денеска организираат повеќе активности. 

Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања заедно со Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози на Македонија, денеска организираат активности меѓу кои и пешачење на Кејот на реката Вардар во пресрет на 14 Ноември, Светски ден на дијабетесот, кој годинава се одбележува под мотото „Дијабетесот го засега секое семејство".

Пред и после пешачењето ќе се спроведе мерење шеќер во крв, за да се потенцира важноста на физичката активност и само-контролата како значајни елементи во третманот на дијабетесот.

Дополнително ќе бидат поделени и памфлети со информации за дијабетесот (на македонски и албански јазик) и маичка за секој учесник.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер