Коби рекордер по промашувања во НБА лигата

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант од ноќеска стана рекордер по промашени шутеви во НБА лигата.

Брајант во поразот на Лејкерси од Мемфис го сруши негативниот рекорд кој досега го држеше легендата на Бостон Џон Хавличек промашувајќи по 13.418. пат во кариерата. Натпреварот го заврши со 28 поени, седум скокови и шест асистенции.

- Јас сум бек шутер кој игра во оваа лига веќе 19 години. Значи, бек шутер во 19 години, потенцира Брајант алудирајќи дека не е ништо страшно што го соборил негативниот рекорд.

Мицкоски: Свечената заклетва на Силјановска беше достоинствена, не е прекршен Преспанскиот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање пред Самитот Македонија 2025, во врска со свечената заклетва на претседателката Силјановска Давкова истакна дека таа беше достоинствена и дека очекувал честитка од нашиот јужен сосед, наместо политички мускули.

Не очекувам односите помеѓу двете држави да се темелат на политички мускули, очекуваме да имаме добри и одлични меѓусоседски односи. Ценам како ВМРО-ДПМНЕ, а и тамошната влада предводена од Нова демократија имаат свој став поврзан со Преспанскиот договор, нити на едните ниту на другите ни се допаѓа тој договор, рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека за разлика од Грција Преспанскиот е дел од македонските институции, од македонскиот Устав и закони и комуникацијата во институциите и самите институции остануваат согласно Уставот, но негово основно човеково право е како својата држава ќе ја нарекува пред јавноста и медиумите.

Очекувам и да биде начин на однесување на претседателката Силјановска да се користат Македонија и македонски бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор немаме прекршување истиот и ја користам оваа прилика до нашите пријатели од Грција да престанеме со закани, опструкции, со враќање назад, да гледаме во иднината, ова се документи кои се дел од правото. Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда па таму ќе ги вкрстиме аргументите. Не би сакал до тоа да дојде, повикувам на пријателски односи, да се помагаме. А ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минатото бидете сигурни дека тоа нема да го направиме, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека се очекува да биде ратификуван протоколот кој ќе се однесува на економската соработка помеѓу двете држави.

Сакаме да економска соработка и ја користам оваа прилика да ги поканам грчките компании да инвестираат во Македонија, ние сакаме да им посакаме добредојде, како и македонски компании да инвестираат во Грција, така треба да соработуваат партнери. Нема втора можност за прв впечаток, а за жал првиот впечаток од нашиот јужен сосед наместо честитка за убедлив триумф и на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска видовме на отворена сцена политички мускули иако тоа се што е од Преспанскиот договор и повеќе е имплементирано во Македонија, а од тоа што можеме да видиме што се случува таму основните три работи не ги завршиле. Сакаме добрососедски односи и очекувам да во најскоро време со грчкиот премиер се видиме и разговараме за соработка во туризмот, економија, образование и така натаму, изјави Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Џафери: Се врши инжинеринг за менување на соодносот на силите во Собранието

Техничкиот премиер Талат Џафери на прес конференција опомена дека се врши политички инжинеринг за да се смени соодносто на силите во Собранието.

Џафери го повика Управниот суд да ја донесе одлуката во врска со приговорите на изборнбиот процес доставени до ДИК.

Николовски ги додели првите 44 договори од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7

Успехот постигнат со ИПАРД 2 програмата преку целосно искористување на средстваата, нас како држава не направи лидери во регионот и земја која денес своето исуство го споделува со други држави.

Како земја лидер први во регионот започнавме со реализација на ИПАРД 3 програмата, распишувајќи го на 1 септември 2023 година првиот повик за мерките 1 и 7, и за многу кратко време од само неколку месеци, веќе ги гледаме првите резултати. Тоа се првите 44 договри што министерот Николовски и директорот на АФПЗРР Бачовски ги доделија денеска, за мерките 1 и 7, односно 35 договори за мерката 1 и 9 договори за мерката 7.

„Со овие нови договори добиваме нови инвестиции во земјоделското производство со вкупна вредност од околу 30 милиони евра, пари што ќе остануваат дома. Поддршка со која се набавува нова механизација, ќе се развијат нови мали бизниси во рурални средини, ќе се вработат нови луѓе и сите ќе имаат голем бенефит. И инвеститорите и граѓаните и руралната заедница во која ќе никне нова табла дека инвестицијата е реализирана со поддршка на ЕУ и ИПАРД програмата“, истакна министерот Љупчо Николовски.

ИПАРД програмата е нашата гордост, наш историски успех. Толку голем што Европската комисија за 62% ја зголеми поддршката, како награда за нашата држава во успешната примена на ИПАРД програмата. Сега имаме на располагање 97 милиони евра европски средства, а вкупната програма што ја имаме на располагање достигнува над 200 милиони евра.

Со новата ИПАРД 3 програма предвидуваме и авансна исплата на 50% од поддршката, веднаш по потпишувањето на договорот, што е една новост која уште повеќе ќе ви помогне во реалзиација на вашата бизнис идеја, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски во своето обраќање изрази благодарност за добро завршена работа до директорот на АФПЗРР Бабовски, вработените во Платежната Агенција и секторот ИПАРД при министерството, за одлично менаџирање и доближување на ИПАРД програмата до секој заинтересиран корисник, постигнувајќи успех кој искрено од душа сакам да се повтори и со ИПАРД 3.

Честитајќи им на корисниците министерот Николовски им посака среќа и бериќет во во реализација на планираните бизнис идеи за кои е добиена поддршка од ИПАРД програмата, и тоа овде дома, сооппштуваат од МЗШВ.

притисни ентер