Коле Ангеловски и Зорка Тодорова-Младеновиќ се овогодинешните добитници на наградата „Златен објектив"

Актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ се овогодинешните добитници на наградата „Златен објектив" за 2020 одлучи Управниот одбор на Кинотеката на Македонија.

По повод својот роденден, Кинотеката секоја година го доделува „Златниот објектив" на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. На 29-ти април 1974 година е објавен Законот за формирање на Кинотека во „Службен весник", како институција од општ интерес за Републиката, со задача да прибира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење... Оттаму „Златниот објектив" се доделува во овој период од годината, значаен за основањето на Кинотеката.

Досегашни добитници на ова признание беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмскиот критичар Илинденка Петрушева, монтажерот Димитар Грбевски и костимографот Елена Дончева.

Никола Ангеловски – Коле (1943) е филмски, телевизиски и театарски актер и режисер, сценарист и драматург. Првите актерски улоги ги има уште како дете, во детската радио-драма и детскиот куклен театар, но на филм дебитира во 1962 година во југословенскиот филм „Саша" на Раденко Остоиќ. Дипломирал актерство на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград, а од 1967 година па се до пензионирањето работи во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на голем број награди за своите филмови и улоги - филмски и театарски - и покрај Петре Прличко и Илија Џувалековски, е еден од македонските актери кој остварил најголем број на улоги во југословенската кинематографија, покрај домашната, македонската. „Битката на Неретва", „Жед", „Лито виловито", „Да се дојде и остане", „По Коњух планина", „Македонска крва свадба", „Оловна бригада", „Јужна патека", „Нели ти реков", „Собирен центар", „Црвениот коњ", „Храненик" се само неколку од многуте филмови во кои се појавува Ангеловски.

Во 1973 година го режира својот прв долгометражен игран филм „Татко (Колнати сме, Ирина)", според романот на Живко Чинго, со Велимир Бата Живоиновиќ, Неда Арнериќ и Мето Јовановски во главните улоги, а во 1988 и 2017 година филмските комедии „Викенд на мртовци" и „Ах љубов моја".

Зорка Тодорова-Младеновиќ (1943) е филмски и театарски костимограф, моден дизајнер и автор. Дипломирала на отсекот по сценографија и костимографија на Националната школа за декоративни уметности во Париз, Франција, во 1968 г., по што се вработува во Радио-телевизија Скопје како костимограф за тв-серии, драми и забавно-музички емисии. Истовремено работи костими и за играни филмови („Мементо", „Жед", „Истрел", „Исправи се Делфина", „Црвениот коњ", „Мемо, мојот татко", „Хај-фај", „Војната заврши" итн.), и за театрски претстави (во Драмски театар, Кумановски, Битолски театар, Театар на националности, Театар „Пралипе", итн.). Во 1977 г. специјализира изработка на костим на Школата на синдикалната комора за висока мода во Париз, и почнува поинтензивно да работи во македонската текситлна индустрија и конфекција. Подоцна предава Историја на облека и Модно креирање како доцент на ФЛУ и вонреден професор на ТМФ, кадешто се пензионира.

Автор е на костимографски решенија за повеќе од 90 филмски, телевизиски и театарски проекти, како и на 200-тина историски костими за восочните фигури изложени во редовните поставки на Музејот на македонската борба за државност и самостојност и Археолошкиот музеј во Скопје.

Наградата на Ангеловски и Тодорова-Младеновиќ свечено ќе им биде врачена кога ќе се создадат поповолни услови за манифестации од ваков вид и за организирање културни настани и собирања.

КИНОТЕКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија по насилните протести

Франција денеска прогласи вонредна состојба на прекуморската територија Нова Каледонија по две ноќи немири во кои загинаа четири лица, меѓу кои и еден полицаец.

Вонредната состојба ќе им даде на властите дополнителни овластувања кога станува збор за забрана на собири на овој пацифички остров под контрола на Франција.

Франција испрати и неколку стотици припадници на полицијата и жандармеријата, изјави портпаролот на француското Министерство за внатрешни работи, пренесе Ројтерс.

Меѓу 500-те обучени членови се и полицајци за борба против нереди. Училиштата на островот се затворени, а во главниот град веќе е воведена вонредна состојба.

Елисејската палата денеска потврди три смртни случаи, без дополнителни детали, жандармеријата објави дека еден од нејзините членови, кој денеска се здобил со тешки повреди на главата, подоцна починал, јавуваат француските медиуми.

Нова Каледонија е потресена од бунт на сепаратистите кои се противат на долгонајавуваната изборна реформа изгласана од францускиот парламент утринава.

Националното собрание утрово со 351 глас за и 153 против го усвои предлогот за уставен закон за проширување на електоратот во Нова Каледонија.

Текстот на усвоениот предлог-закон предвидува право на глас на локалните избори за сите граѓани кои таму живеат повеќе од десет години.

Претседателот Макрон денеска ги покани претставниците на Нова Каледонија да продолжат со разговорите со државните институции.

Новиот Golf GTI пуштен е во продажба, позната е и цената (ФОТО)

Новиот Golf претставен неодамна доби и славеничко издание на GTI.

Иако специјалната верзија ќе биде претставена на крајот на месецот, Volkswagen одлучи да нѐ почести веќе сега со лансирањето на новото издание на GTI. Заедно со сите иновации што ги носи Golf 8.5, GTI добива и нови работи под лимот.

Иако се напојува со 2.0 TSI мотор, сега е помоќен за 20 КС. Развива 265 КС во опсег од 5250 до 6500 вртежи во минута и 370 Nm достапни од 1600 вртежи во минута. Како што е познато, мануелниот менувач повеќе не се нуди, а единствена опција е седумстепениот DSG.

Со погон на предните тркала како единствена опција, овој Golf достигнува 100 km/h за 5,9 секунди со ограничени максимални 250 km/h.

Новиот GTI ќе се препознае по редизајнираниот преден дел со нови светла и осветлено лого. Има и нови светла одзади, додека странично откриваат 19-инчни алуминиумски бандажи од Queenstown. Кабината е збогатена со спортска декорација во препознатливиот GTI манир. Да го споменеме и новиот волан и најновата генерација на инфозабава.

Списокот на нарачки е отворен во Германија, а почетната цена е 44.505 евра.

Словачката министерка за здравство: Премиерот и натаму е критично

Премиерот Роберт Фицо е во рацете на врвни кадри кои се грижат за неговото здравје, соопшти вечерва на брифинг со новинарите министерката за здравство Зузана Долинкова.

Воедно, таа им се заблагодари на сите кои досега учествувале во спасувањето на премиерот.

- Здравствената состојба на премиерот се уште е критична, тој се уште е во операциона сала и верувам дека сѐ ќе оди добро. Стискам палци и посакувам многу сила не само на него, туку и на медицинскиот персонал, кои навистина во овој момент се борат за живот“, рече таа. Таа додаде дека била во контакт со спасувачките служби од првиот момент на несреќата.

Министерката повтори дека го осудува нападот врз премиерот.

- Дозволете ми да го осудам овој грозоморен чин, кој е резултат и манифестација на апсолутна човечка злоба и омраза, а пред сѐ го осудувам како апсолутен напад врз демократијата на Република Словачка - рече таа.

Словачкиот премиер Роберт Фицо е ранет денеска во обид за атентат во градот Хандлова, во близина на Братислава. Фицо е пренесен во болница во тешка состојба и лекарите се борат за неговиот живот. Напаѓачот е уапсен, а некои медиуми наведуваат дека се работи за познат писател (71) од Словачка.

притисни ентер