Конечно решение за оние кој често ги губат безжичните слушалки

Безжичните слушалки се вистински хит во светот, особено оние од произведувачот Епл.

За нив треба да издвоите доста пари а со тоа не го решавате проблемот дека лесно можете да ги загубите слушалките. Со тој проблем решија да се занимаваат авторите на „AirBands“ кои неодамна го претставија својот производ на Киксартер.

„AirBands“ всушност претставуваат заменски каиши за паметниот часовник на Епл кои во себе имаат направено мали држачи за безжични слушалки. Каушите се изработени од силикон и нивните креатори гарантираат дека слушалките нема да се мрднат од своето место освен кога корисникот не го сака тоа.

Производот е достапен во четири бои. Покренувачите на кампањата, кои се од Тексас, велат дека процесот на дизајнирање и подготовка за производство е доведен при крај. Кога ќе заврши Кикстартер кампањата, ќе започне иработка на алати, а веќе во април оваа година првите примероци би требало да бидат произведени. Сите кои сега ќе се одлучат да го подржат овој производ „AirBands“ каишите ќе им бидат ипорачани во мај.

Редовната цена на овој производ ќе биде 30 долари, но преку Кикстартер е можна рана продажба за 20 а потоа 25 долари, поголемиот попуст е резервиран за првите 200 купувачи.

Целта на компанијата е да собере 10.000 долари. Веќе во првите денови се собрани 20% од вкупната сума, па е голема веројатноста дека „AirBands“ ќе почне со производство.

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во ОН

Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации, изјави кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со францускиот колега Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во Париз.

На 10 мај се очекува итна специјална седница на Генералното собрание на ОН на тема прием на Палестина во Обединетите нации.

Палестина има статус на набљудувач во ОН, додека Израел е полноправна членка на организацијата од 1948 година.

Во општина Чашка-Велешко приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

Две лица од село Мелница во општина Чашка, се приведени попладнево поради основи на сомнение за поткуп при избори, откако по направени претреси во нивните домови се пронајдени оружје, пари и списоци за гласање.

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес попладнево во 15:20 часот го лишиле од слобода 52-годишниот И.И. од село Мелница, Општина Чашка.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Застава" со две рамки, 58 куршуми и 4 зрна-испукани проектили кои ги поседувал без дозвола, како и копија од преглед на гласачи за изборно место во Чашка. И.И. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Исто така, денеска, во 17:00 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Велес го лишиле од слобода 50-годишниот А.Ч. од село Мелница, Oпштина Чашка, информира вечерва Билјана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Имено при претрес во неговиот дом извршен со наредба од Основен суд Велес поради основи на сомнение за кривично дело „поткуп при избори и гласање" по член 162 од КЗ биле пронајдени и одземени еден пиштол „Валтер" со една рамка, еден пиштол „Црвена застава", еден пиштол „Бул" со една рамка, 139 куршуми, мобилен телефон, 986.670 денари во разни апоени и 2.325 евра во разни апоени.

А.Ч. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, наведуваат од СВР Велес.

Претходно, вечерва, Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ 3 објави статус на неговиот Фејсбук профил за обид за поткуп на гласачи од страна на активисти на ДУИ.

-Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, пишува Ковачки.

Тој ги повика граѓаните да излезат масовно на избори, а за активистите на ДУИ дека ќе одговараат за поткуп за што следува казна затвор.

Си Џинпинг на средбата со Макрон: Кина и Франција да се држат до заедничките придобивки

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот претседател Си Џинпинг за време на разговорите со неговиот француски колега Емануел Макрон во Париз, рече дека Кина и Франција треба да се држат до „заедничките придобивки“ и заеднички да се спротивстават на одвојувањето и разбивањето на индустриските синџири и синџирите на снабдување, пренесоа кинеските медиуми.

Си додаде дека двете земји треба да се спротивстават на изградбата на „ѕидови и бариери“.

Кинескиот лидер изјави дека Европа е важен партнер во модернизацијата на Кина, додека Макрон рече дека евро-кинескиот дијалог е понеопходен од кога било поради меѓународната ситуација.

„Координацијата“ со Кина за Украина и Блискиот Исток е одлучувачка“, рече францускиот претседател во воведната изјава пред средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и Си Џинпинг.

Тој изјави дека се залага за „фер правила за сите“ кога е во прашање кинеско-европската трговија.

притисни ентер