Кошаркарите се заканија со бојкот кон репрезентацијата

Здружението на кошаркари на Македонија (ЗКМ) денеска преку отворено писмо до Македонската кошаркарска федерација се закани со бојкот на подготовките на репрезентацијата по одлуката за зголемување на бројот на странци (вкупно шест) во клубовите од домашното првенство.

Репрезентативците најавуваат дека нема да присуствуваат на тренинзите на репрезентацијата се додека МКФ не го укине правилото за шест странци.

Од ЗКМ имаат уште неколку барања како услов репрезентативците да ги почнат подготовките во националниот дрес.

- Ова писмо се доставува до одговорните лица на Македонската кошарка, како највлијателно тело одговорно директно за развојот на Македонската кошарка, а со тоа и на македонската кошаркарска репрезентација. Поттикот да се размислува што ќе се случува со иднината на кошарката во државата, откако е донесено новото правило кое дозволува настап на шест странци без ограничувања, е решено да се делува на единствениот начин кој ќе покаже како ќе изгледа нашата репрезентација за неколку години, стои во писмото на ЗКМ.

Од таму велат дека репрезентативците имаат поддршка од сите македонски играчи од нивното здружение.

Во писмото се вели дека ставот на кошаркарите е конечен, а барањата се следниве:

- Укинување на правилото за 6 странци,
- Воведување на правило за 4 странци во ростер, но максимум 3 на терен,
- Градитивна такса за странци: 500 евра за прв странец, 1000 евра за втор, 2000 за трет итн. (ова е барање со кое се заштитуваат странските играчи, барање со кое нема да можат да бидат менувани често заради висината на таксата),
- Вклучување по минимум 2 играчи од младинските состави во првиот тим,
- Вработување на квалитетни кадри во кошаркарската академија и сериозен пристап во истата.

Од ЗКМ уште додаваат дека сите мотиви за да го напишат ова писмо се од национален интерес и за подобро утре на Македонската кошарка.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер