Костадиновска-Стојчевска: Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура

Со СДСМ културата е слободна, во идниот мандат нов закон за култура и нови капитални инвестиции.

Изјава за медиуми, Бисера Костадиновска- Стојчевска, коносителка на ИЕ5

Коносителката на листата на СДСМ во петтата изборна единица, Бисера Костадиновска – Стојчевска во пораката до граѓаните да гласаат за европска и просперитетна држава ја нагласи заложбата на Социјалдемократскиот сојуз за заштита и афирмација на културата и македонскиот културен идентитет.

„Вложуваме во зачувувањето на културниот идентитет и националните интереси. СДСМ го потврди тоа изминативе години и со истиот дух и заложба ќе продолжи во следните 4 години. Инвестирањето во културата е инвестиција во нашиот идентитет и историја. Создадовме слободна и европска култура.

Изработивме нов Закон за употреба на македонскиот јазик. Направивме вистински потфат во унапредувањето на јазикот и зајакнување на македонскиот идентитет. Го заштитивме и го афирмираме македонскиот јазик, денес е признат и во Обединетите нации и во Европската Унија. Тој е потврден во сите стратешки документи и никој нема право да преговара за македонскиот јазик и идентитет“- ја потврди Костадиновска – Стојчевска, заложбата на СДСМ за постојана промоција на културата, идентитетот и историјата.

Таа ги истакна политиките на СДСМ за почитување и вреднување на трудот на културните работници и најави дека платите ќе се зголемуваат и во новиот мандат.

„Го почитуваме и го вреднуваме трудот на културните работници, после рекордните 52 отсто зголемени плати во овој мандат, во следниот платите секоја година ќе растат за 10 проценти“- уверува Костадиновска – Стојчевска и ги наброја приоритетите за следниот мандат:

Продолжуваме со рамномерен културен развој и достапност до културното наследство, нови 50 милиони капитални инвестиции за локалните заедници. Зголемување на средствата од националниот буџет наменети за културата Унапредување на услугите од областа на културата, нов Закон за култура, Закон за финансирање во културата, Закон за манифестации и фестивали, Закон за дигитализација во културата.

Таа додаде дека грижата за заштитата на културното наследство ќе продолжи, како и спроведувањето на препораките и целосно почитување на стандардите на УНЕСКО.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска најави дека за прв пат СДСМ воведува културна дипломатија преку која ќе ја претставиме македонската култура пред светот, како и дека ќе продолжи поддршката за локалните самоуправи за инвестирање во културата.

Во таа насока изјави дека предвидени се капитални инвестиции за реконструкција и реновирање на поголем број објекти од културата, а веќе овој месец дека се започнува со реконструкција на кино Партизан.

„На дело покажавме како се грижиме за македонската култура и македонското културно наследство. Така ќе продолжиме и во следните 4 години. Со СДСМ нема откажување од македонската култура. Со СДСМ македонската култура, јазик и историја се признати и европски“ – ги повика граѓаните, коносителката на СДСМ во петтата изборна единица, да се одлучат за европска иднина и европска култура.

СДСМ

ИДФ ги повика Палестинците да ги евакуираат крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелската армија ги повика Палестинците во крајбрежните населби во северниот дел на Газа да ја евакуираат областа додека ја продолжува операцијата во Џабалија.

Портпаролот на Израелските безбедносни сили (ИДФ) на арапски јазик, Авичај Адри, објави список на нови зони што треба да се евакуираат, а на палестинските цивили им беше кажано да се преселат во засолништа западно од градот Газа, пишува „Tајмс оф Израел“.

Минатиот викенд, ИДФ издаде предупредување за евакуација на градот Џабалија, пред да биде извршен нападот.

Оттогаш, армијата двапати ја прошири зоната за евакуација, а најновата најава ги вклучува областите Ал-Ататра и Ал-Карам во Појасот Газа. /МИА

Протест на британските плажи поради загадување на водата

Илјадници луѓе ширум Велика Британија се собраа вчера на плажите, реките и езерата за да побараат промени на нивоата на загаденост на водата во земјата.

Демонстрантите се собраа во областите за капење од Западниот Пјер во Брајтон до плажата Гилингвасе во Фалмут по извештаите дека милиони литри вода од канализација биле испумпани во Виндермер во областа Лејк за повеќе од 10 часа во февруари.

Ситуацијата од опозициските политичари беше окарактеризирана како „скандалозна“, додека Лондон рече дека ситуацијата е „целосно неприфатлива“ и дека Агенцијата за животна средина има овластување да покрене кривично гонење.

Испумпувањето се случило во пумпната станица на компанијата во Бонс-он-Виндермер, Камбрија, ноќта на 28 февруари, пишува „Индипендент“.

Пумпите за итни случаи испуштија повеќе од 10 милиони литри вода од канализација во местото на светското наследство на УНЕСКО, откако главните пумпи беа нагло прекинати поради дефект на телекомуникациите. /МИА

Брајтон објави за заминување на тренерот Де Зерби

 Прес-службата на премиерлигашот Брајтон објави дека Роберто Де Зерби ќе ја напушти функцијата главен тренер на клубот на крајот од сезоната 2023/24.

Раководството на Брајтон се договорило со 44-годишниот фудбалски стручњак за предвремен раскин на договорот кој е со важност до летото 2026 година.

Претходно беше објавено дека Баерн Минхен е заинтересиран да го покани италијанскиот тренер.

Де Зерби дојде во Брајтон во септември 2022 година. Под негово водство тимот освои 38 победи, 20 пати ремизираше и претрпе 30 порази.

Оваа сезона Брајтон е на 10. место во поредокот во Премиер лигата, со 48 бодови од 37 натпревари. /МИА

притисни ентер