Ковачев: Предлог за Република Илинденска Македонија не изненади

Предлогот Република Илинденска Македонија не изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран.

Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот, изјави за МИА бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Според Ковачев, долгогодишниот спор околу името би можел да се реши само ако двете страни, Македонија и Грција, одлучат да престане.

За бугарскиот европратеник, најприфатливо име би било Република Македонија (Скопје), со оглед дека е јасно грчкото барање за географска или временска одредница.

- Ако со предлогот Република Илинденска Македонија се мисли на оној вториот, комунистичкиот Илинден, односно АСНОМ, не сме баш многу среќни, истакна бугарскиот европратеник.

Негова оценка е дека поради Владата на Груевски Македонија изгуби единаесет години и не стори ништо за решавање на спорот.

- Многу жалам што Македонија изгуби можеби 11 години во правење ништо. Имаше застој за време на владеењето на Груевски и ништо не се случи, дури ситуацијата со Грција и Бугарија стана уште полоша. Сега, прозорот на можности и добрата волја на Зоран Заев и Никола Димитров ја сменија играта. Многу го цениме тоа и гледаме многу позитивен развој во односите со нас. Се трудиме да ја поттикнеме Грција да го следи нашиот пример и да најде прифатливо решение за името со Македонија, напомена Ковачев.

Овој долг период од речиси 20 години, како што рече европратеникот, ја зголеми на некој начин екстремноста во ставовите на двете страни.

Тој порача дека би било добро најгоелмите опозициски партии во двете земји да ги поддржат владејачките структури во насока на надминување на спорот.

- Ако Ципрас сака да направи нешто, Каменос, Мицотакис,... велат „не, не, не“. Ова е многу лошо ако најголемата опозициска партија во земјата го користи проблемот со името за внатрешни политички дуели. Истото важи и за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече бугарскиот европратеник.

Ковачев зборуваше на конференцијаво Европскиот парламент, организирана во рамки на „Тера Мадре Балкан“. Осврнувајќи се на проширувањето на ЕУ, изнесе став дека во тоа нема да се случи во наредните четири до пет години, ниту до 2025 година како што најави Јункер. Според Ковачев, засега најподготвена за влез во ЕУ е Црна Гора, а останатите земји од регионот, Македонија, Србија, БиХ и Албанија треба да ги спроведат реформите и да ги решат спорните прашања. Но, како што напомена бугарскиот европаратеник, и ЕУ треба да ја исполни својата домашна задача - да ги убеди граѓаните од Франција, Германија,..., дека проширувањето ќе значи придобивка за сите, а веќе во оваа насока, дополни, има позитивни сигнали.

Берлин бесплатно ја нуди вилата на нацистичкиот министер Гебелс

Властите на Берлин бесплатно нудат вила, некогаш во сопственост на министерот за пропаганда на Хитлер, Џозеф Гебелс.

Тие се надеваат дека ова ќе стави крај на децениската дебата за тоа дали зградата треба да се пренамени или срамни со булдожери и да им се даде пространото место на селата северно од германската престолнина.

„Ние нудиме секој што сака да го преземе седиштето да го земе како подарок од покраината Берлин“, изјави вчера во државниот парламент берлинскиот министер за финансии Стефан Еверс. Берлин постојано се обидуваше да им го отстапи местото на федералните власти или на покраината Бранденбург, каде што се наоѓа вилата, наместо да продолжи да плаќа за одржување на комплексот, кој стана обраснат и занемарен.

Еверс не прецизира дали приватни лица ќе можат да ја преземат вилата. „Ако повторно не успееме, како во изминатите децении, тогаш Берлин нема друга опција освен да го изврши уривањето за кое веќе се подготвивме“, посочи тој.

Гебелс, еден од најблиските сојузници на Хитлер, ја изградил луксузната вила во 1939 година на шумско место со поглед на езерото Богензе во близина на градот Вандлиц, околу 40 километри северно од Берлин.

Шефот на пропагандата живеел во Берлин со сопругата и шесте деца, а вилата ја користел за забави на нацистичките лидери, уметници и актери, но наводно и како љубовно гнездо за тајни афери, пишува Асошиетед прес. По војната, локацијата накратко била користена како болница, а потоа преземена од младинското крило на Источногерманската Комунистичка партија.

По обединувањето на Германија во 1990 година, сопственоста на локацијата е вратена на сојузната држава Берлин. Оттогаш, местото стана атракција за патниците. Гебелс се вратил во Берлин во последната фаза од Втората светска војна. Тој и неговата сопруга се убиле себеси и нивните деца со капсули со цијанид во бункерот на Хитлер додека советските трупи се приближувале.

Орбан со чудна порака по повод 20 години во ЕУ: Ние сме на граница меѓу војна и мир

По повод 20-годишнината од влезот на неговата земја во Европската унија, унгарскиот премиер Виктор Орбан даде интервју во кое донекаде ги нападна креаторите на актуелната политика во Брисел.

Како што пренесува порталот „Унгарија денес“, Орбан дал интервју за Радио Кошут и емисијата „Добро утро, Унгарија“.

„Кога Унгарија стана членка на Европската унија пред 20 години, не очекуваше дека ќе има некои радикални промени во овој блок“, започна премиерот и продолжи:

„Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност тврди дека војната од големи размери не е фантазија, додека Полска веќе наведува дека војната нема дипломатско решение. Европа си игра со оган, ние сме на граница меѓу мирот и војната“.

Унгарија со големо мнозинство го поддржа пристапувањето во ЕУ во 2003 година, а пристапните преговори беа финализирани на 1 мај следната година. Во тоа време Орбан беше голем противник за влез на Унгарија во Унијата. Сега премиерот тврди дека повеќе не е во национален интерес на земјата да биде дел од Европската унија.

„Кога се приклучивме, не очекувавме дека ќе бидеме принудени да примаме мигранти од други делови на светот или дека ќе ни вршат притисок затоа што ги заштитивме семејните вредности и дека бракот е дефиниран како врска меѓу маж и жена. Не очекувавме дека европските лидери ќе го водат континентот кон војна наместо кон мир“, рече Орбан.

Тој ги повика Европејците да гласаат на претстојните избори за Европскиот парламент за партиите кои поддржуваат мирно решение на војната во Украина, вклучувајќи ја и владејачката партија Фидес.

„Ако значителен број членови на Европскиот парламент се за мир, тогаш можеме да ја вратиме Европа од работ на бездната“, смета тој.

Пред да влезе во ЕУ, Унгарија стана членка на НАТО во 1999 година. Во март оваа година, американскиот амбасадор во Будимпешта го обвини Орбан дека ја поткопува поддршката на Алијансата за Украина и дека е на страната на Русија.

Сите се воодушевени од новиот имиџ на Ријана: Како некој може да биде толку убав? (ВИДЕО)

Новите фотографии од Ријана го обиколија светот.

Пејачката блесна на промоцијата на новите производи на нејзиниот бренд Fenty Beauty во Лос Анџелес. Таа носеше фустан во кремова боја, а најмногу внимание привлече нејзината коса која сега е во боја на мед. Фановите се во транс.

„Таа е најубавата жена“, „Со такво лице може да владее со светот“, „Не старее“, „Оваа Ријана да се прогласи за најубава жена што живеела на планетата“, „Дива“, Таа е нереална“, „Како може некој да биде толку убав?“, „Оваа боја одлично ѝ стои“, се само дел од коментарите на Твитер.

притисни ентер