Крушево ќе одбележи 10 години од загинувањето на Тоше Проески

Во понеделник се навршуваат 10 години од загинувањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда Тоше Проески.

Оддавајќи му почит, 12 маратонци од повеќе градови од Македонија денеска во 17 часот го почнуваат својот маратон од Нова Градишка во Хрватска каде Тоше Проески во 2007 година, во автомобилска несреќа го загуби животот.

Според претседателот на фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николоски, маратонците утре во 18 часот ќе бидат пречекани на градскиот плоштад во Скопје.

- Во Крушево маратонците ги очекуваме на пладне на 16 октомври на вечното почивалиште на Тоше Проески, на гробиштата на Гумење. Потоа во спомен-куќата на Тоше, на Гумење во негова чест ќе има културно-уметничка програма, изјави Николоски.

Директорот на „Спомен куќата на Тодор Проески“, Елена Мирчевска рече дека во Крушево веќе се пристигнати фановите на Тоше од Хрватска и од Србија.

- В понеделник откако ќе ги пречекаме маратонците, во спомен-куќата во чест на Тоше 15-тина студенти од Универзитетот „Гоце делчев“ од Штип ќе сликаат, инспирирани од животот и делото на нашата музичка ѕвезда. Учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев“ ќе изведат поетски рецитал, а ќе настапи и хорот при Гимназијата во Крушево „Наум Наумоски-Борче“. Во спомен-куќата се изложени околу 350 експонати, сопственост на семејството на Тоше Проески и за шест години откако постои музејот, го посетиле преку 500.000 гости од Македонија и од светот, изјави Мирческа.

Претседателот на фондацијата „Тоше Проески“ Андреј Николоски најавува и нов албум, кон крајот на ноември и почетокот на декември. Се работи за песни снимени на англиски јазик на Тоше Проески во студиото на Енди Рајт во Лондон.

- Подготовките за албумот се во финална фаза. На него ќе се најдат шест песни на англиски јазик на Тоше. Материјал е снимен во студиото на продуцентот Енди Рајт во Лондон. Меѓу нив ќе биде и песната што се промовираше на 5 октомври во Скопје. На лбумот ќе има и неколку преработки на стари хитови на Тоше. Се подготвуваат и видеата за новиот албум, најави Николоски.

Трудница е убиена во својот дом во Лос Анџелес, требало да роди близнаци

Во Лос Анџелес е во тек истрага откако бремена жена била пронајдена избодена до смрт во нејзиниот дом, соопштија локалните власти.

Замениците на шерифот на округот Лос Анџелес одговорија на повикот во Палмдејл пред два дена.

„По пристигнувањето на местото на настанот, полицајците насилно влегле во домот каде забележале крв на подот од дневната соба“, се вели во соопштението од канцеларијата на шерифот.

Жртвата била пронајдена со убодни рани и била констатирана смрт на местото на настанот, известија од кабинетот на шерифот.

Според информациите кои за ABC News ги потврди шерифот Мајк Гомез, жртвата била бремена околу шест до седми месец и носела близнаци. За убиството се уште нема уапсен.

"Светот е суров. Не можам да го разберам ова. Таа беше добра личност", изјави за KABC Лос Анџелес Алексис Армстронг, пријателка на несреќната трудница.

По четири децении светлоста на денот ќе ја види заборавен докуметарен филм за „Битлси“ (ВИДЕО)

Заборавениот документарен филм за Битлси „Let It Be“, кој го носи името на големиот хит на групата, повторно ќе ја види светлината на денот, по реставрацијата, на 8 мај на платформата „Дизни плус“.

Инаку, документарниот филм „Let It Be“ првично бил објавен во 1970 година. Бил недостапен четири децении. Последното издание било на VHS во осумдесеттите години на минатиот век.

Според извештаите, зад новата верзија на документарецот стои Питер Џексон, кој претходно работеше на уште еден документарец на Битлси „Get Back“.

„Let It Be“ е многу различен од биографиите контролирани од уметникот што вообичаено ги гледаме денес. Битлси беа длабоко незадоволни од тоа како изгледаа на екранот во тоа време, што делумно објаснува зошто филмот толку долго беше недостапен.

Сепак, „Нека биде“ денес може да се смета за класика, некои го пофалија, некои го критикуваа. Она што е сигурно е дека станува збор за документарец кој на Битлси првенствено гледа како на музичари.

„Let It Be“ пренесува не само голема енергија, туку и дел од свечената мистерија што ја придружуваше милениумската соработка на Битлси, пишува Techradar.com.

НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции

Северноатлантскиот совет (НАК) денеска изрази солидарност со Германија по злонамерната кибер кампања против Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и со Чешка, која се соочува со злонамерни кибер активности против нејзините институции.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, во соопштението на НАК се наведува дека одговорноста за овие злонамерни кибер активности, Германија и Чешка му ја припишаа на актерот АПТ28, кој е спонзориран од Русија, а пред се од руската воена разузнавачка служба - Главната дирекција на Генералштабот на руските Вооружени сили (ГРУ).

НАК додава дека со загриженост забележува дека истиот актер упатува закани насочени и кон други национални владини ентитети, оператори со критична инфраструктура и други ентитети низ Алијансата, вклучително и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска.

- Силно ги осудуваме злонамерните кибер активности насочени кон поткопување на нашите демократски институции, националната безбедност и слободното општество. Злонамерните кибер активности насочени против Германија и Чешка потврдуваат дека кибер просторот е под ризик во секое време. Актерите на кибер заканата упорно се обидуваат да ја дестабилизираат Алијансата, се наведува во соопштението на Северноатлантскиот совет.

Во реакцијата натаму се посочува дека НАТО останува посветени на спротивставување на суштинската, континуираната и зголемена кибер закана, вклучително и кон демократските системи и критична инфраструктура на неговите членки.

- Ние сме решени да ги искористиме потребните потенцијали со цел да го одвратиме, да се одбраниме и да се спротивставиме на целиот спектар на кибер закани со меѓусебна поддршка, вклучително и со разгледување на координирани одговори. Промовираме слободен, отворен, мирен и безбеден кибер простор. Ги повикуваме сите земји, вклучително и Русија, да ги почитуваат своите меѓународни обврски и меѓународното право и да дејствуваат во рамката на одговорно однесување на една држава во кибер просторот, како што е потврдено од сите членки на Обединетите нации, се додава во соопштението на НАК.

притисни ентер